Отворена нова клиника во Скопје - ВФВ Клиник

Вчеравечер беше свечено отворена новата приватна клиника –ВФВ клиник, под слоганот „ВЕРНИ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ“ која има за главна цел да донесе поефикасно и поконцизно здраство кое на најдобар начин ќе му служи на општеството.



На вчерашното отварање присуствуваа претставници на државниот врв, претседателот на ДУИ г-дин Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, ресорниот министер за здравство Венко Филипче, г-дин Шахи Фетаху претседател на ИВЗ и претставници на амбасади, еминентни бизнисмени и доктори. Свое обраќање имаше директорката на ВФВ клиник Д-р Којиќ која го отвори официјалниот дел на настанот и ги најави сопствениците на ВФВ клиник г-дин Беким Незири и г-дин Ферки Демировски кои во своето излагање јасно ја преносоа главната порака на клиниката и изразија голема благодарност за целосната поддршка упатена од сите за отворање на ваков здравствен дом.

-Горди сме што успеавме да обезбедиме врвна медицинска технологија од последна генерација, но уште по горди сме со тимот на доктори и медицински персонал кој на оваа опрема ќе и даде душа, бидејќи нашите соседи и клиенти заслужуваат најдобра технологија и најдобра услуга, изјави г-динот Ферки Димировски.

-Идејата започна во пишана форма на еден лист хартија, а прерасна во проект кој ќе обезбеди сигурност и напредок на целокупниот здравствен систем. Чест и задоволство ми е да допринесан на ваков начин во земјата во која што живеам, како и за луѓето со кои ја делам оваа земја. Верувам во овој проект, како и многумина кои ме охрабрија да го започнеме заедно со мојот партнер, изјави г-динот Беким Незири.

ВФВ Клиник е нова приватна здравствена установа од примарна и секундарна здравствена заштита, која се наоѓа помеѓу општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, на лесно пристапно место за со приватно возило и јавен превоз.

Истата е во непосредна близина на бул. Босна и Херцеговина, одалечена помалку од 1 км од Качанички пат и скопската обиколница и 4 км одалечена од центарот на градот.

Во склоп на комплексот на клиниката се сместени биохемиска, молекуларна и микробиолошка лабараторија.

Комплексот на клиниката е целосно ограден, осветлен и хортикултурнмо уреден. Во истиот има обезбедено приватен паркинг за повеќе од триесет возила, со регулиран влез и излез од две страни. Објектот е изграден по најсовремени стандарди и во него се вградени енергетско – ефикасни материјали. Комуникацијата во целиот објект е со пристапни рампи и лифт механизација, сè со цел лесно движење на лицата со инвалидитети.

Во клиниката има систем на централна климатизација и вентилација, со која во секое време во годината се обезбедува соодветна температура и чист воздух.

Во просториите каде е потребно, има обезбедено доток на кислород до секој кревет и монитор за следење на пациентите поврзано со централен систем.

ВФВ Клиник е составена од два сегменти и тоа :

Примарна медицина – составена од тим на пет општи доктори и пет медицински сестри.

Клиниката на примарно ниво ќе работи во мрежа на здравствени установи, односно општите лекари ќе бидат матични лекари (поврзани со фонд). Потоа, мобилен тим за домашна посета и секундарна медицина составена од осум доктори специјалисти и десет средно технички персонал.

Секундарната медицина е составена од следните дејности: педијатрија, интерна медицина, трудова медицина, психијатрија, гинекологија, гастроентерохепатологија, кардиологија , рентген дијагностика.

Имено изградбата на ВФВ Клиник траеше 10 месеци и истата се простира на простор близу 2000 м2. ВФВ Клиник ќе претставува нов и модерен пристап, кој нуди здравствени услуги по фер цени. Целта е достапност и за ранливите категории на граѓани, кои имаат потреба од квалитетна услуга. Ова е само уште еден доказ за влијанието на инвестициите во она кое што е примарно за целосното население, одличен здравствен систем кој ќе работи за потребите на сите граѓани на Р. Северна Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...