Владата ќе ги стимулира младите да се вакцинираат

По примерот на западните земји, каде со сертификатот за вакцина, младите добиваат попусти, гратис храна, пијалок и други награди и Владата планира стимулативни мерки за привлекување на оваа група граѓани да се вакцинираат.



Во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација кај младите, како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата.

Мерките на Владата, како што се наведува, се во насока на одржување на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети за да ги опслужуваат граѓаните.

-Процесот на вакцинација е клучен за да се спречат тешки симптоми кај заболените, а со тоа да се спречи и преоптоварување на здравствениот систем, односно да не се доведеме во ситуација во која некој граѓанин не би бил на време и соодветно третиран, стои во програмата.

Иницијативите за вакцинирање во западните земји се движеа од гратис производи кај одредени компании, до милионски лотарии во одредени држави во САД.

Во Германија по вакцинирањето, како стимул младите добиваат гратис пиво и колбаси, во Нов Зеланд беше организиран фестивал за вакцинација со бендови во живо, додека пак во Романија вакцинираните млади добиваа бесплатен влез во замокот на Дракула



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...