Средба Османи – Рикер во Њујорк



Скопје, 21 септември 2022 (МИА) – Претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст, биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори и долгогодишен пријател на Северна Македонија, на маргините на 77-то Генерално заседание на ОН, во Њујорк, САД.

Како што информираа од МНР, било реафирмирано и силното сојузништво меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи.

– Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици, наведуваат од МНР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1547.- Умре шпанскиот освојувач Ернан Кортес, кој...
1804.- Наполеон Бонапарта за францускиот цар...
1805.- Во битката кај Астерлиц, позната како...
1814.- Умре францускиот писател Донасјен Алфонс...