|
|
|
Спречен инцидент на протестот пред бугарскиот клуб во ОхридПолициските службеници спречија инцидент за време на денешниот протест поради отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, кога група од демонстрантите се обиде да го пробие полицискиот кордон.
Учесниците на протестот извикуваат „Татари“ и фрлаат со камења и јајца кон отворениот бугарски клуб.
Протестот го организира политичката партија Левица, а е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, која денеска најави дека до Собранието ќе поднесе Закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со што ќе се спречи идното формирање на вакви културни клубови.
Отворањето на клубот предизвика реакции во јавноста, а дел од граѓаните изјавија дека не се против отворањето на вакви клубови, туку против неговото име.
Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна.
По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Северна Македонија. Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер. Него на престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарската држава до септември 1946 година, а кој од јули 2001 до август 2005 година беше премиер на Бугарија, под името Симеон Сакскобургготски.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|