Џафери во Тирана ја доби титулата „Doctor Honoris Causa“

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, присуствуваше на одбележувањето на „Златната годишнина“ на Универзитетскиот колеџ „Ќириази“ на покана на претседателот и ректор на Универзитетскиот колеџ, а по одлуката на нивниот Академски сенат да му ја додели титулата „Doctor Honoris Causa“.



Оваа титула, како што стои во образложението на одлуката, му се доделува на претседателот Џафери за „неговиот особен придонес во официјализирањето на албанскиот јазик, за слободата и правата на Албанците во Северна Македонија, за мудроста и високите интелектуални и државотворни вредности во заштита на националниот идентитет, за неговите душевни врски со иконите на националното образование, Севасти и Параскеви Ќириази и Кристи Дако, кои се историско наследство и продолжение на Универзитетскиот колеџ `Ќириази`“.

-Тоа е признание за цела една плејада на луѓе кои посветено настојувале да го сочуваат, да го издигнат и надградат нашиот статус, било политички, било општествен, во деловите каде што живееме надвор од просторот на Република Албанија и несомнено дека оваа награда, првенствено се посветува на сите тие мои сопатници со кои заедно сме делувале за да стигнеме таму каде што сме денес, за да можеме да продолжиме понатака кон предизвиците што стојат пред нас…, истакнал Џафери.

Во рамки на одбележувањето се одржа и историски симпозиум во чест на 131-годишнината од основањето на Институтот Ќириази во Корша и 100-годишнината од повторното отворање во Тирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...