Министерката Петровска во Врховната сојузничка команда на НАТО во Монс

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната сојузничка команда на НАТО и се сретна со нејзиниот командант, генералот Кристофер Каволи и старешините од нашата Армија позиционирани во оваа команда.

-Северна Македонија ќе го продолжи своето активно учество во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, што е несомнен приказ за нашиот силен придонес кон колективната одбрана и безбедноста на секоја педа НАТО територија, истакна министерката Петровска на состанокот.

Таа посочи дека нашата држава целосно го поддржува новиот Стратешки концепт на Алијансата и иницијативите кои произлегуваат од усвојувањето на Стратешкиот концепт потврден на последниот Самит на Алијансата.

Министерката го информираше генералот Каволи дека пакетот на НАТО цели на способности кој беше прифатен, веќе е во фаза на имплементација во земјава и дека државата продолжува со вложувањето во одбраната – факт кој може да се види преку растот на одбранбениот буџет и одвојувањето на една третина од буџетот за модернизација и опремување.

Петровска и Каволи разговараа и за можностите за обука и вежби како начин за развој на интероперабилноста, при што министерката Петровска порача дека ќе продолжиме да го развиваме армискиот полигон „Криволак“, кој е и нашиот најголем и најзначаен ресурс за обука.

Генералот Каволи изрази благодарност за местото и улогата која ја има Северна Македонија во зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата, регионалниот фокус и придонес со армиските состави и додаде дека со членството на нашата држава во Алијансата, НАТО е посилно, а евроатлантската област – побезбедна.

Во Монс, министерката се сретна и со старешините од Армијата на Република Северна Македонија кои се поставени на позиции во Врховната сојузничка команда, на кои им се заблагодари за нивната посветеност и професионалност во извршувањето на задачите во една од двете НАТО – команди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Некој крупен маж земал ситна жена, па другарите го прашуваат:
- Добро бе, каков ви е сексот, кога сте толку различни?
- Абе, јас си лежам, она е одозгоре, па јас ја држам и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...