Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена по вчерашната средба на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер на Фејсбук објави дека ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат.

- Се согласивме дека храбрите одлуки носат успех, Северна Македонија, по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД. Тоа ќе го правиме рамо до рамо со нашите стратешки партнери САД, додаде Ковачевски во објавата.

Вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка Бојан Маричиќ вчера изјави дека премиерот Ковачевски на вчерашната лидерска имал јасна позиција и понуда до опозицијата - веднаш да се гласа за потребата за отворање на Уставот, потоа да се формира и Влада во која ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ, а потоа да се доврши процесот на уставните измени и да се заврши скрининг фазата.

- Денеска опозицијата некако ретерира од ставот дека е за уставните измени за разлика од вчера. Ние сме подготвени уште веднаш да се формираат работни групи и тимови како да се имплементира оваа идеја, изјави вчера Маричиќ на настанот „Аудиториум“ во организација на Институтот Бирц на УЈИЕ во Тетово.

Тој додаде дека власта е подготвена да иницира и закон за преговорите со ЕУ за сите да имаат сигурност дека нема да се задира во идентитетот.

- ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја одбие понудената рака за соработка, ние уште денес би стапиле во комуникација дали може да се продолжат средбите, не мора да се на највисоко ниво, туку средби на какво било ниво. Понудената рака е великодушна од сите партии, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема причина да не гласа за уставните измени кои ни се толку многу потребни, истакна Маричиќ.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски вчера од Богданци порача дека е добро што ВМРО-ДПМНЕ ја прифатила подадената рака и дека промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќање на уставните измени и учество во широка Влада за европски интеграции е добра основа за продолжување на дијалогот.

- Понудивме рака за обединување околу европската иднината на земјата и остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ. СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прифати оваа наша подадена рака. Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќање на уставните измени и учество во широка Влада за европски интеграции е добра основа за продолжување на дијалогот. Во овие историски и важни моменти за државата од исклучителна важност е да продолжиме заедно да работите во интерес на граѓаните и европската иднина на земјата., рече Зечевиќ.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска изјави дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го промениле ставот и прифатиле „уставни измени и учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри“.

- Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови. Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција. Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено. СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место, изјави Кузеска, додавајќи дека врз основа на новите околности на политичката сцена потребно е дијалогот да продолжи.

Синоќа во гостување во вестите на ТВ Сител на прашањето дали ако уставните измени важат одложено, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати уставните измени во собраниска процедура кога Владата ќе ги испрати, Мицкоски одговори дека тогаш ќе бараат гаранти да бидат ЕУ и САД.

- Тој предлог ќе биде доставен до канцеларијата на Европската Унија и САД и тие да бидат гарант на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки во ЕУ, истакна опозицискиот лидер.

Мицкоски изјави и дека на лидерската средба со Ковачевски ги понудил 24 септември, 1 октомври или 8 октомври како датуми за предвремени парламентарни избори или широка влада.

Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...