Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение

Кандидатот за претседател на државата Бујар Османи смета дека коалицијата „Вреди“ нема теми и креативност во изборната кампања и затоа „зборуваат за стари и отворени прашања“.



Во одговор на новинарско прашање тој реагираше на изјавата на кандидатот за претседател на државата од „Вреди“ Арбен Таравари кој на прес-конференција денеска праша дали Албанците заслужуваат кандидат за претседател за кого Специјалното јавно обвинителство во 2016 година отворило предмет „Пациент“.

-Тоа е истрага почната од обвинител кој денеска е во затвор и е на црната листа на САД. Самото Обвинителство го има затворено веднаш тој предмет и немало ни обвинение затоа што е проценето дека изградбата на болницата во Тетово била согласно законите и дека не само што не е направена штета туку, напротив, е заштитен интересот на државата. Така што немало ниту обвинение туку обид за политичка дискредитација од човек што денеска е на американска црна листа, што очигледно зборува дека имало руско замешателство во тој обид за дискредитирање. Апсолутно нема врска ова прашање. Тие веќе изгубиле идеи и креативност во оваа кампања исплашени од големиот пораз, изјави Османи одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за коспонзорирањето на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница.

Додаде дека иако не се занимава со другите во изборната кампања ќе му контрира на противкандидатот Таравари со прашањето за легитимитетот во Алијанса за Албанците.

-Одлуката на судот дека, сепак, мојот противкандидат нелегално се обиде да ја узурпира партијата го прави малку проблематичен и недостоен за кампања. За такви прашања треба да разговараме, за кои има судски одлуки, а не за овие прашања, рече Османи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...