Кулаков: Пресудата за прегазувањето на Фросина е срамна и тажна

Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа недржава. Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот. Затоа оваа пресуда е срамна и тажна за целото општество, за сите нас, изјави Тодор Кулаков, таткото на Фросина, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Кулаков порача дека не се откажуваат и дека разбирливо ќе протестираат ако треба барајќи оставки и смена на ваквиот корумпиран судско-казнен систем.

- Многумина на душа ќе ја носат погибјата на детето ангел против ваквиот срамен судски епилог, арам да им се парите и се друго што добиле како компензација. И Бог нека им суди и пресуди. Ние не се откажуваме, порача Кулаков.

Првиот впечаток кога влего во судницата, како што рече, бил дека родителите на Васко биле тотално релаксирани.

- Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога беа просто вкочанети. Затоа во држава во која дилерите на дрога и немилосрдни убијци се прогласуваат за светци, спортисти, посветени студенти според зборовите на одбрана, а што очигледно најмалку наивно беше прифатено од судскиот систем, па така срамна е и пресудата, изјави Кулаков.

Посочи дека семејствата на убиените жртви со закон се целосно исфрлени од постапката. - Ништо не е сменето... Судот е чиста мафија и вакви мафијашки убијци ги штити и такви пресуди носи, рече Кулаков.

Обвини за уништување на докази од останатите тројца кои биле во автомобилот со Васил Јованов, за кои како што рече, требало да има кривична пријава за уништување на докази за убиство од кои, како што нагласи, сигурно ќе произлегле докази за многу нови кривични дела.

- Така повеќе од 20 години ќе беше казната на Васов односно барем ќе беше обвинението за Васов, но и за другите тројца во колата. Каде се тие сега, овој систем ги скри. Системот треба да одговара за соучество во прикривање на убиство, рече Кулаков, најавувајќи повторно протести пред судовите и Судскиот совет.

Казна затвор од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...