Андовски за МИА: Денеска решение за формирање комисија за надзор над случајот со детето од Кавадарци

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски утрово потврди за МИА, дека денеска ќе го потпише решението за формирање комисија за стручен надзор при МЗ, во врска со детето од Кавадарци кое почина пред неколку дена.

- Докторите се повикани за веднаш да почнат со работа, подвлече Андовски.

Во петокот, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат рекоа за МИА дека при инспекциските надзори, не се констатирани недостатоци од надлежност на ДСЗИ, во врска со починатото тригодишно дете.

Притоа, појаснија дека биле извршени вонредни инспекциски надзори во три здравствени установи, со цел да се следи патот на лекување на детето. Извршени биле надзори во ПЗУ Ординација по општа медицина Целзус Нова во Кавадарци, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кавадарци и во ЈЗУ УК за детски болести - Скопје.

Оттаму потсетија дека директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кавадарци, формирал Комисија во состав од тројца доктори, за утврдување на материјална одговорност на здравствени работници кои учествувале во лекувањето на пациентот. Во тек било изготвување на извештај.

Претходно, родителите на детето во изјава за МИА, ги повикаа надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со овој случај.

Како што соопштија тогаш од полицијата, тригодишното дете било починато донесено на комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на социјалните работници на Македонија
- Ден на Военото воздухопловство и...
1190.- Германскиот цар Фридрих Први Барбароса се...
1610.- Првите холандски иселеници во Америка се...