Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира.



Бјере денеска на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани на прашањето што конкретно би сторила Данска, како иден претседавач на Унијата, во однос на ингегрирањето на Македонија во ЕУ, имајќи го предвид спорот со Бугарија, но и иницијативата од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за средба на македонски и бугарски високи претставници на маргините на Самитот во Хаг, која се уште не е извесна, не даде конкретен одговор, но посочи дека моментумот за проширување е тука и оти земјата треба да го зграпчи.

-Моментумот за проширување апсолутно е тука и веќе сме негови сведоци, направен е прогрес и за Украина и за Молдавија, и сега со Албанија отвораме два нови кластера, еден сега, еден на есен, исто така имаме напредок и кај Црна Гора, кој не се случуваше долго време. Искрено да кажем дека моментумот е тука и ве молам да го зграпчите. И сега со нашето претстојно претседателство со ЕУ морам да ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас, со Северна Македонија за да можеме заднички да видиме каде можеме да постигнеме напредок, во кои делови можеме да го оствариме напредокот, истакна данската министерка, додавајќи дека е видливо дека земјава има остварено голем напредок на патот до ЕУ.

Таа во своето обраќање на заедничката прес-конференција истакна дека причината за нејзината посета е престојното претседавање со ЕУ, кое го презема Данска и оти со Муртезани разговарале за актуелните политички прашања.

Данската министерка истакна дека со оглед на актуелните геополитички случувања, руската агресија врз Украина, но и, како што посочи, новите ветришта, кои дуваат од САД, Европа треба да биде силен геополитички актер, а за да се одбрани себе си во овие новонастаните околности, клучен е процесот на проширување.

-Затоа што зборуваме за една поголема Европа, која во исто време ќе биде посилна Европа. Затоа ние се стремиме да го задржиме овој процес на проширување и знаеме дека Северна Македонија е земја-кандидат речиси 20 години, така што сега е времето да го фатите овој чекор повторно. Свесни сме дека имаше еден замор од проширувањето, но тој се појави и во вашата и во нашата земја и затоа сакаме повторно да работиме на проширувањето, да работиме и со Украина и со Молдавија, но и со земјите од Западен Балкан. Сметам дека сето ова ќе донесе просперитет за овие земји, полза и за нив и за вашата земја, но и за Европа, истакна Бјере.

Таа посочи дека Европа ќе биде посилна доколку е заедно со земјава, но и со другите држави од регионот и додаде дека има еден нов напредок во процесот на проширување и затоа е тука во Скопје за да и даде поддршка на државата.

-Секако тој напредок треба да биде заснован на спроведени реформи, на сите оние барања кои треба да ги испорачате и ние сме тука за да ви помогнеме и се надеваме дека во текот на нашето претседателство ќе можеме заеднички да работиме да го постигнеме ова затоа што сакаме да го поплочиме патот на Северна Македонија до ЕУ, истакна Бјере.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Господ решил да ја посети земјата и да види колку се добри луѓето. И се симнал облечен како скитник седнал да проси. Поминало долго време никој ништо не му дал и тоа време досол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1623.- Роден е Блез Паскал, француски...
1819.- Американскиот параброд "Савана" пристигна...
1862.- Конгресот на САД донесе решение за...
1949.- Во Загреб умре Владимир Назор, хрватски...