Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење.



Одлуката, како што информираат од Апелација е донесена на јавна седница одржана на ден 11.06.2025 година постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 481/25.

-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци, се вели во соопштението од Апелација. Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Апелациониот суд Скопје во февруари годинава ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци, но Врховниот суд на 7 мај ја укина пресудата од 3 години и 10 месеци затвор во второстепената постапка и случајот го врати на повторно судење.

На 13 мај Васил Јованов, беше осуден на казна затвор од 12 години врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...