Ивановска: Ќе се борам секој од прозор да гледа три дрвја, за секого да има барем по 30 квадрати зеленило и да живее на 300 метри од парк

Граѓанската активистка од Шанса за Центар и поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска денеска на прес-конференција ги соопшти мотивите за кандидатурата за градоначалничка на Општина Центар за претстојните локални избори на 19 октомври.



-Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во нашата општина. Тоа значи секој од прозор да гледа три дрвја, на секој жител да има барем 30 квадрати зеленило и секој да живее на 300 метри од парк. Ние сме далеку од тоа, но барем некако да се приближиме, нагласи Ивановска, која е поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“, кои продолжуваат со собирање потписи за формирање партија. Независни за Карпош, пак, вчера се одвоија од оваа иницијатива и соопштија дека само со потписи ќе се кандидираат на изборите.

Во претставувањето Ивановска рече дека ќе биде фокусирана на барање решенија, а не на обвинувања и лични навреди бидејќи нејзините заложби секогаш биле граѓаните пред партиите.

- Одлучив да се кандидарам за градоначалничка на општината во која што живеам, во која што ги делам истите проблеми со моите сограѓани и во која што го дишеме истиот воздух, кој не е загаден само со ПМ честички, туку и со многу лоши политики и корупција. Правда, интегритет и одговорност се вредности кои ме водат цел живот и сметам дека тука можат да се преточат во креативни политики кои ќе обезбедат подобра и поздрава општина, кажа Ивановска.

Нејзината кампања ќе се базира на три столба - првиот столб е одговорност, отчетност и транспарентност, вториот е инклузивност, зашто секој граѓанин е важен, и третиот столб е заедништво и солидарност. Општина Центар рече таа треба да биде на граѓаните, а не на профитот.

-Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните. Мислам дека уживам углед и доверба кај граѓаните и од нив ми треба само нивната доверба, а јас им ги нудам моите професионалност и одговорност. Во нашиот тим има професионалци кои знаат и можат да понудат одлични решенија, рече Ивановска.

Според неа, во општината досега е направена огромна штета и таа тешко може да се поправи, но можеби може да се ублажи.

-Нема да дозволувам детални урбанистички планови кои не се усогласени со Генералниот урбанистички план. Сведоци сме како се градат објектите кај „Холидеј ин“, а деталниот урбанистички план е незаконски. Она што мене ми е приоритет е дозволите и плановите за градење да бидат усогласени со стандардите, кажа Ивановска.

„Независни заедно“ најавија дека наскоро ќе го објават нивниот кандидат за градоначалник на Скопје и ги повикаа да им се приклучат сите заинтересирани независни групи кои имаат желба да настапат на локалните избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...