Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва

Црногорската полиција е во потрага по 18-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски кој е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша Кан (56) од Будва, информираат црногорските медиуми.



-Полицијата во соработка со Високото државно обвинителство од Подгорица пронајде докази и го расветли обидот за убиство на Марко Љубиша Кан што се случи на 7 август годинава во комплексот хотели „Маестрал“ во Будва. Со преземање на оперативни и тактички мерки, како и со прибрани форензички докази полициските службеници за кратко време го идентификуваа извршителот на ова тешко кривично дело. Се работи за лицето А.Т., државјанин на Северна Македонија, соопштила Црногорската полиција.

Тој се сомничи дека испукал два проектили во правец на Кан, кој се здобил со повреди во делот на главата по што се дал во бегство во непознат правец.

Полицијата ги предупредува граѓаните дека секое свесно прикривање на информации за движењето или престојот на Танасковски, вклучително и давање на услуга за сместување може да претставува кривично дело - помош на сторител по извршено кривично дело што подлежи на законска одговорност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...