Билјана Ивановска објави дека е повикана на распит во Обвинителството

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која вчера објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, на својот профил на Фејсбук објави дека полицијата синоќа и доставила кривична пријава.



-По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, пишува Ивановска.

Таа посочува дека навреме ќе информира за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но посочува и дека „адреса на информирање е и Обвинителството како е надлежна институција“.

Од ЈОРСМ, пак, посочуваат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18.02.2025 година и презема дејствија за да ги провери наводите.

- Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од Обвинителството е испратена на 25.07.2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата, посочуваат од Обвинителството.

На прашањето зошто полицијата ја барала Ивановска да и ја достави кривичната пријава од Обвинителството наведуваат дека „испраќање покани преку МВР не е невообичаена постапка и се користи често, бидејќи има проблем со достава од редовната пошта“. Во конкретниот случај, наведуваат, од таму начинот на достава е избор на предметниот јавен обвинител.

Поканата според Обвинителството е пратена многу (време) пред најавата за кандидатура. Пријавата била поднесена пред шест месеци, но од Обвинителството посочуваат дека во меѓувреме се преземени многу дејствија, прибавен е конкретен предмет и извршени распити на повеќе други лица.

Досега, според Обвинителството Ивановска не е повикана на распит бидејќи пријавеното лице вообичаено последно се вика на распит.

Од ЈОРСМ не објавуваат која е причината за кривичната пријава наведувајќи дека се работи за приватна пријава и дека не се во можност да споделат детали додека не се проверат наводите дали воопшто има основ. - Обвинителството не би ни објавило дека е пријавена ако сама не обзнанеше, посочуваат од ЈОРСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...