Голем пожар кај Јажинце - патот кон граничниот премин и граничниот премин затворени

Поради пожар во близина на Јажинце затворен за сообраќај е патот Тетово - Јажинце кај село Рогачево, а затворен е и граничниот премин.



-Во 15:15 часот патниот правец Тетово – Јажинце кај село Рогачево сообраќајот е запрен од страна на ПС од БПС Тетово, заради безбедност на возачите поради проширениот пожар во атарот на селата Рогачево и Јажинце, кој е во близина на пат, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија.

Информацијата ја потврдуваат и од ЦУК и од МВР, од каде појаснуваат оти е затворен и граничниот премин.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека директорот Мухамед Али и командантот на Бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувнал во Јажинце.

Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.



На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување, велат од ЦУК.

Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.

За пожарот известување упати и МВР кое вели дека поради пожар во близина на Јажинце, прекинат е сообраќајот на патниот правец Тетово - ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Јажинце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции, велат оттаму, презема мерки за гасење на пожарот.

Од МВР апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Јажинце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто не успеало пресадување на мозок на плавуша?
- Мозокот го отфрлил страното тело.

* * *
- Од двајца ќелави, кој е поќелав?
- Тој со поголема глава

* * *
Две баби...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
430.- Умре римскиот свештеник Аурелиус Августин,...

1645.- Умре холандскиот правник, писател и...

1749.- Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан...

1851.- Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван...