Support Kocani: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

Заклучно со денешниот ден (19 август) вкупниот прилив на наменската сметка изнесува 4.594.345 денари. Од оваа сума реализирани се 3.758.805 денари, за банкарски провизија се потрошени 18. 277 денари, а во моментов на располагање остануваат 835.540 денари, информираат од Граѓанската иницијатива Support Kocani за моменталната состојба со донациите и реализираната помош.



Support Kocani е формирана веднаш по трагичниот настан од 16 март 2025 година и продолжува и понатаму да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните семејства, велат од Граѓанската иницијатива.

Еден од најважните сегменти на помошта, како што е наведено во соопштението, е набавката на специјализирана компресивна облека, која е неопходна во долготрајниот процес на третман и рехабилитација на преживеаните од изгореници.

- Првата пратка – 149 парчиња е во вредност од 923.458 денари, втората пратка – 43 парчиња е во вредност од 283.802 денари, а третата пратка – 176 парчиња е во вредност од 2.193.047 денари. Со овие три пратки досега се обезбедени вкупно 368 парчиња компресивна облека, кои веќе се испорачани и предадени на Општата болница во Кочани за користење од страна на преживеаните лица, информираат од Support Kocani.

Дополнително, како што велат, значаен дел од средствата се насочени кон директна поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, како и кон лицата кои се уште се хоспитализирани таму.

-Досега се донирани 100 комплети T-LAB PRP KIT и 10 комплети Exomine SMART KIT, со вкупен износ од 267.000 денари, 4 пакувања протеини и 4 пакувања аминокиселини, со вкупен износ од 19.120 денари и сет креми за подобрување на еластичноста на кожата, со вкупен износ од 53.428 денари. Овие материјали се наменети за третман на рани, регенерација на кожата и подобрување на процесот на рехабилитација, со цел полесно и побрзо опоравување на засегнатите лица, се наведува во соопштението.

Сите донации се резултат на поддршката од хумани граѓани, компании и организации од земјата и дијаспората, кои несебично се вклучија во оваа акција, потенцираат вклчените волонтери од Support Kocani.

- Овие бројки не се само финансиски податоци - тие се доказ за солидарност, заедништво и човечка хуманост. Благодарни сме на секој поединец и секоја компанија кои веруваа во оваа иницијатива и помогнаа од срце. Нашата работа не застанува тука - продолжуваме да бидеме тука за засегнатите лица и нивните семејства, сè додека постои потреба, се наведува во соопштението до јавноста од Граѓанската иницијатива Support Kocani.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...