Врачена наградата „11 Октомври“

Скопје, 11 октомври (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена наградата 11 Октомври, која се доделува за долгогодишно остварување во сите сфери на науката, образованието, културата и уметноста. Наградите на добитниците им ги врачи претседателот на Одборот за доделување на наградата  акедемик Таки Фити.

- Републичката награда „11 Октомври“ е воспоставена во знак на меморирање на еден од најсветлите датуми од историјата на нашиот народ, истакна Таки Фити обраќајќи се пред доделувањето на наградите на добитниците.

Тој додаде дека смислата за воспоставување на наградата „11 Окомври“ е контиунирано да ги стимулира, мотивира и поттикнува плеадата творци во областа на науката, образованието, културата и уметноста, во овие вонредно занчајни и витални сфери на човековото живеење и да придонесуваат во збогатувањето на огромната светска научна, културна и уметничка ризница.

За долгогодишни значајни  остварувања во областа  на науката и образованието, наградата им е доделена на Трпе Груевски  инженер по кибернетика при Природно-математичкиот факултет во Скопје  кој ја доби наградата за четириесетгодишната научна дејност, но и за релативно голем број на пронајдоци во земјата и странство и на Виолета Панзова, доктор по филозофски науки за долгогодишна научно-истражувачка активност.

Филологот Авзи Мустафа е добитник на наградата во обласат на науката и образованието како еден од најистканатите активисти во образованието на Албанците во Македонија, но и за контиуниран научен развој и плодна активност во факуктетот и надвор од него.

Љубинка Басотова, класичен филолог, од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, е добитник на наградата „11 Октомври“ за значаен придонес во научно-истражувачката дејност, како преведувач на светски автори од Антиката до Ренесансата, главно пишувани на латински но и на старогрчки јазик. Таа е научен експерт за повеќе научни подрачја поврзани со класичната филологија.

Од обласата на културата и уметноста наградата „11 Октомври“ за занчајни остварувања ја добија академикот Коле Чашуле како основоположник на современата македонска литература чија што писателска работа во изминатите шеесетина година не запрела. Тој истакна дека наградата за него има посебно значење , бидејќи ја добил во името на сите загинати борци во времето на востанието.

- Ова е награда која ја добивам јас во името на сите мои загинати другари во времето на востанието. Сите оние кои создадоа претпоставка да можеме, сите ние денеска да зборуваме во Македонија на македонски јазик со македонска ерупција на вредности и квалитети, изјави Коле Чашуле  еден од добитниците на наградата „11 октомври“.

Диригентот Томислав Шопов, е добитник на наградта за истакнат труд кој е трајно втемелен во нашите современи музички збиднувања, пред се во творечкиот пат на операта на МНТ во текот на три децении.

Иљко Стефановски, актер од Битола ја доби наградата во областа на културата и уметноста со својот творечки континуитет од три децении во кој има остварено стотина ролји, од кои најголем дел од нив биле главни, сложени улоги, калсични ликови од македонската и светската драматургија.

Добитник на наградата за култура и уметност е и Балетот при Македонската опера и балет од Скопје, за огромниот број на одржани претстави со успешни гостувања во Македонија и надвор од земјата, при тоа соработувајќи со истакнати солисти, кореографи, балетски педагози режисери и диригенти како македонски, така и странски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...