Црвенковски во Катар: Сега е вистинскиот период да се инвестира во Македонија

Доха, 29 јануари (МИА) - Претседателот Бранко Црвенковски на последниот ден од престојот на Катар денеска ја посети Катарската Фондација за образование, наука и општествен развој, а се сретна и со претставници на Катарската Стопанска комора и Агенцијата за инвестиции на земјата.

Како што јави известувачот на МИА од Доха, Црвенковски на средбите со катарските стопанственици истакна дека сега е вистинскиот период за катарски инвестиции во Македонија, со оглед на фактот дека Македонија е земја-кандидат за членство. - Секој инвеститор кој што ги вложува своите пари во Македонија, може со сигурност да смета дека тоа е инвестиција во идниот заеднички европски пазар, изјави Црвенковски.

- Она што го промовираме треба и да го гарантираме. Не смееме да си дозволиме да даваме ветувања што потоа од кои било причини не ги исполнуваме, бидејќи тоа е најлесниот начин да се изгуби потенцијалниот инвестирор. Шансата е тука, можноста постои и се надевам дека ќе ја искористиме, изјави Црвенковски на крајот на посетата на Катар.

Тој на катарските стопанственици им ја презентираше даночната политика на Македонија и ја претстави како најповолна со најниски даночни стапки во Европа и пошироко. Црвенковски исто така ги претстави секторите што се битни за Македонија а тоа се енргетиката, туризмот, земјоделството.

- Се обидовме и во спротивен правец да ги афирмираме можностите на нашата економија, пред се градежната оператива, имајќи предвид оти Катар е едно големо градилиште и според нивните планови само во наредните пет до шест години, 20-30 милијарди долари ќе бидат инвестирани само во инфраструктурата, што отвора можност за учество на нашата градежна оператива, рече Црвенковски.

Тој истакна оти добил уверување дека за сите тендери што ќе бидат распишани благовремено ќе бидат информирани и македонските претпријатија. - Доколку со квалитет и цена можат да конкурираат тие на соодветен начин можат да си го најдат своето место во таа работа тука во Катар, додаде Црвенковски.

Шефот на македонската држава од директорот на катарскиот Инвестицискиот фонд Хусеин Али ал Абдула доби ветување оти со група стопанственици ќе ја посети Македонија во март или април, за да се уверат во можностите за инвестирање кои ги нуди земјата, а особено изразиле интерес за инвестирање во земјоделието и сточарството.

Црвенковски на средбата со директорот на Стопанската комора на Катар, Шеик Халифа бин Јасем бин Мохамед ал Тани, истакна дека вчерашната средба со емирот е поттикнувачка и охрабрувачка за стопанствениците на двете земји да ја зајакнат меѓусебната соработка.

Директорот на катарската Стопанска комора изјави дека за добар бизнис се потребни два предуслови - политичка стабилност и здрава инвестициска стратегија.

Црвенковски вчера се сретна со емирот Хамад бин Халифа ал-Тани, на кого исто така ги презентираше можностите и најновите мерки на македонската Влада за привлекување странски директни инвестиции и ја презентираше даночната политика на Владата претставувајќи ја како најповолна во регионот, како и други погодности што Македонија ги нуди во промоцијата за создавање услови за привлекување странски директни инвестиции. Емирот ал-Тани истакна дека Катар е заинтересиран за соработка со Македонија, а како најинтересни за соработка ги посочи областите на земјоделството, енергетиката, туризмот и гасот.

Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи во јуни 1996 година. Катар ја признава Македонија под уставното име.

Надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Катар во 2006 година изнесува 6.750.000 американски долари главно од македонски извоз на суровини и репроматеријали железо, челик и други конструкции.

Првата рамка за стопанско-трговска соработка меѓу двете земји е воспоставена со склучување на договорот за економска и трговска соработка меѓу двете земји во март 2005 година.

Катар е Емират на Блискиот Исток и се наоѓа на Катарскиот полуостров, што е дел на Арабискиот полуостров. Во последните 150 години со политиката во Катар доминира семејството Ал-Тани. По завршувањето на британскиот протекторат во 1971 година, земјата не се приклучи кон Обединетите Арапски Емирати и ја одбра целосната независност. БДП по глава на жител во 2005 година изнесува 27.400 американски долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...