Денот на дрвото - 12 март неработен ден

Скопје, 4 март (МИА) - Владата одлучи 12 март - Денот кога ќе биде спроведувана акцијата „Денот на дрвото“ да биде неработен ден.

Како што соопшти владиниот портпарол Ивица Боцевски, овој ден ќе биде одработен следната сабота, односно на 15 март. Засадувањето на над два милиона дрвца на 12 март, во рамките на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ ќе се одвива на лесно пристапно земјиште, во близина на асфалтен пат, со големина од три до 80 хектари површина, соопшти Јавното претпријатие „Македонски шуми” кое ги утврди локациите низ цела Македонија. Дел од локациите кои што јавното претпријатие ги утврди беа опожарени во минатогодишната огнена стихија што зафати повеќе региони низ државава. Секоја од избраните локации ќе биде поделена на полиња од 1.000 метри квадратни, со видно обележани редни броеви, а пошумувањето на секоја локација ќе го координираат три лица -инженер од „Македонски шуми”, локален општински координатор и позната јавна личност. Владата, како партнер на акцијата кој безрезервно ја поддржува оваа граѓанска иницијатива, на денот на пошумувањето ќе ги обезбеди сите материјални предуслови за нејзино успешно одвивање, вклучително и двата милиони садници. Во акцијата активно ќе се вклучат и градоначалниците на 19 градови низ Македонија. Општините треба да обезбедат превоз до локациите, храна и пијалаци за над 200 илјади граѓани, колку што се очекува да излезат и да засадат дрвца. Тие треба да обезбедат и возила на „Комунална хигиена”, на Брза помош и противпожарни возила. За логистика и помош на граѓаните при засадувањето, ќе бидат ангажирани околу 9.000 стручни лица од ЈП „Македонски шуми”, од Шумарски и Земјоделски факутет и повеќе јавните претпријатија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...