|
|
|
Претседателот Црвенковски во официјална посета на СловачкаСкопје, 11 март (МИА) - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Словачка.
Шефот на македонската држава во Претседателската палата во Братислава, ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Словачка Иван Гашпарович. Двајцата претседатели ќе разговараат за односите меѓу двете земји и за натамошно проширување и продлабочување на политичката и економската соработка, како и за процесот и поддршката на евро и евро-атлантската интеграција на Република Македонија. На средбата ќе бидат разменети мислења и за повеќе актуелни меѓународни прашања.
Во присуство на Црвенковски и Гашпарович ќе биде потпишан договор меѓу владите на Република Македонија и на Република Словачка за меѓународен транспорт на лица и стоки. Договорот ќе го потпишат заменик-министерот за надворешни работи на Македонија Зоран Петров и државниот секретар во словачкото Министерството за надворешни работи Милан Мојс.
Претседателот Црвенковски ќе има работен ручек со словачкиот премиер Роберт Фицо, а ќе се сретне и со заменик претседателот на Националниот совет на Словачка Ана Белусовова.
Покрај Братислава, претседателот Црвенковски ќе ги посети и градовите Нитра и Трнава, каде што ќе се сретне со градоначалниците Јозеф Двонч и Штефан Бошнак.
Република Македонија и Република Словачка воспоставија дипломатски односи на 4 март 1994 година. Словачка е членка на НАТО и на Европската унија.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Се јавува човек во брза помош и вика: - Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак! - Добро, кажете ми на која адреса е човекот? - Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши...
1947.- Прогласена е независноста на Република...
1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши...
1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која...
|
|
|
|