
Букурешт, 3 април (МИА) - Одбивањето на НАТО да упати покана за членство на Македонија ќе ја поткопа стабилноста на Балканот, изјави за Асошиејтед прес главниот преговарач за спорот со името Никола Димитров.
Тој истакна дека тоа е против ангажманите на Грција и на вредностите за кои НАТО се залага и испраќа погрешна порака во однос на умерените политичари и радикалните сили.
- Казнети сме поради македонскиот идентитет, истакна Димитров.
Тој додаде дека Македонците ќе вложат напори за да продолжат по патот на евроатлантската интеграција, додавајќи дека сега тоа ќе биде потешко.