ХАЦЦП системот задолжителен и за бурекџиите, месарите, колонијалите, слаткарите...

Скопје, 17 јуни (МИА) - Занаетчиите и малите бизниси од 1 јануари следната година задолжително треба да ги воведат принципите на ХАЦЦП системот за квалитет на храната. Имплементацијата зависно од дејноста ќе ги чини од 100 до 300 евра, а во подготовката на документацијата и воведување на стандардите ќе им помогне Занаетчиската комора на Скопје заедно со консултатнтот „Кодекс системи за квалитет“.

- Програмата ќе опфати 2.000 занаетчии кои во текот на овој месец ќе ја посетуваат обуката. Во наредните два месеца треба да ја подготват документацијата, а до крајот на декември годинава да ги имплементираат стандардите, рече Снежана Денковска извршен директор на Комората. Таа додаде дека целта на програмата е овие мали бизниси да бидат подготвени кога од 1 јануари сантираната инспекција ќе почне да ја проверува во пракса имплементацијата на стандардите.

Според Денковска, цените се прифатливи и нема да бидат голем товар за занаетчиите. Така имплементацијата кај леблебиџии, семкари, маркети, продавачи на улица ќе чини 6.900 денари, кај производството на леб и печива, макарони, кори, бурекџии, ќе биде 12.950 денари, а до 18.850 ќе чини имплементацијата кај рестораните, пицериите, ќебапчилниците, слаткарниците, производството на свежи слатки, сладолед, кисело млеко и млеко во домашни услови.  

За малите бизниси, како што појасни Маја Ортакова од консултантската компанија „Кодекс системи за квалитет“, не е потребно воведување на целосниот ХАЦЦП систем, затоа што тоа бара голема документација. Кај овие бизниси ќе се прави само приспособување на нивните работни простории на стандардите на ХАЦЦП системот. 

За оние кои нема да го воведат ХАЦЦП системот од 1 јануари се предвидени казни кои се дижат од 2000 до 5000 евра за фирмата и за одговорното лице во фирмата од 500 до 800 евра.

Процесот на воведување на ХАЦЦП системот е почнат во Македонија од 2000 година, а досега го имаат применето поголемите фирми и оние кои се извозно ориентирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...