Пуштен во употреба патот до манастирот „Свето Преображение“

Крушево, 23 август (МИА) - Аманетот е исполнет. Една од желбите на нашиот Тоше Проески заживеа со денешното пушатње во употреба на патот до манастирот „Свето Преображение“ над Крушево за чија изградба Тоше безрезервно се залагаше и каде ги црпеше својот духовен мир и спокојство.

Ова денеска го истакна премиерт Никола Груевски при пуштањето во употреба на патот до манастирот. Патот долг три километри и широк 5,5 метри го градеше хрватската компанија „Конструктор инженеринг“ со средства од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

- Денешното пуштање на патот на симболичен начин го отвораме патот кон вербата, како предуслов за вградување на моралот во нашиот систем на вредности. Тоа најдобро го знаеше Тоше. Беше голем верник и човек со високи морални клвалитети. Неговото дело ја потврдува неговата личност и претставува пример кој треба да го следиме во изградбата на потолерантно и похумано општество кое ќе се темели на љубовта, почитта, солидарноста и несебичноста, на чесноста и искреноста, рече Груевски пред големиот број верници и граѓани кои и денеска, неколку дена по празникот Свето Преображение, повторно се собраа за да го одбележат остварувањето на сонот на Тоше.

- Тоше имаше голема желба да го обнови овој манастир за да ја зајакне вербата во Бога кај младите. Следејќи го неговото хумано дело, многу од нас дојдоа да дадат свој придонес во забрзувањето на обновата на манастирот, покажувајќи дека сплотеноста секогаш води до Бога за реализација на зацртаната цел, нагласи Груевски потсетувајќи се на последната средба со Тоше три недели пред несреќата и за дадениот аманет.

- Тогаш беше даден аманет дека ќе се заложам да го изградиме патот до манастирот. Аманетот се исполни. Со овој пат изградивме и пат кој ќе не носи до споменот за Тоше и до неговото дело, а ние ќе придонесеме за да ја зацрвстиме нашата волја да продолжиме по чекорите на Тоше во изградба на земја со посреќни граѓани, истакна претседателот на Владата.

Лентата со која официјално беше пуштен патот во употреба, Груевски ја пресече со чичкото на Тоше, Анастас Проески. Премиерот и министрите за транспорт и врски и за култура Миле Јанакиевски и Елизабета Канчевска-Милевска се помолија и запалија свеќи во манастирската црква и пред сликата на Тоше. За спокој на Тоше и во чест на изградбата на патот, владината делегација присуствуваше и на манастирскиот ручек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...