Космофон стартува со 3Г услугата

Скопје, 16 септември (МИА) - Мобилниот оператор Космофон од денеска воведува нова промотивна понуда на 3Г услугите – видео повици и брз мобилен интернет.
 
Понудата е достапна за сите пост-пејд корисници на Космофон, кои можат да ја активираат со испраќање на СМС порака со текст: 3Г на бесплатниот број 124. При тоа тие промотивно добиваат  500 бесплатни минути за видео повици и 100 мегабајти бесплатен интернет.

Видео телефонијата им овозможува на корисниците на Космофон да го гледаат соговорникот додека разговараат на телефон, во реално време, едноставно со повикување на бројот на друг 3Г корисник и притискање на копчето за видео повик. Услугата видео повик е можна со било кој  3Г мобилен телефон, на било кое место покриено со 3Г мрежата на Космофон. Со 3Г телефоните, корисниците можат непречено да се префрлаат од 2Г на 3Г мрежата на Космофон и обратно, без прекини во повиците.

Од компанијата велат дека  3Г мобилните услуги овозможуваат брз и едноставен интернет пристап со брзина на симнување податоци до 3.6 мегабајти во секунда и брзина на испраќање на податоци до 384 килобајти во секунда на секое место покриено со 3Г мрежата на Космофон. Тоа според нив, е до 70 пати поголема брзина од постоечката понуда на пазарот.

- Космофон ги исполни тендерските обврски за покриеност на населението многу порано од предвидениот рок до февруари 2009, со што 3Г мрежата на Космофон веќе сега покрива 50 отсто од населението, претежно области во големите градови, меѓу кои Скопје, Битола, Охрид, Гостивар, Тетово, Кавадарци и други, велат од Космофон и додаваат дека во наредните месеци ќе продолжат со проширување на капацитетите на 3Г мрежата.

Во доменот на интерент услугите Космофон воведува три нови пост-пејд тарифни планови наменети пред се за корисниците кои сакаат да имаат брз интеренет пристап од својот компјутер независно од нивната локација. Понудата вклучува и бесплатен 3Г УСБ Модем, што овозможува едноставно поврзување со интернет. Корисниците на овие тарифни планови промотивно добиваат и до 5 гигабајти бесплатен интернет сообраќај секој месец.

Промоциите важат за сите корисници што ќе ги активираат услугите до 31 октомври годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката о прашува Трпе:
- Кој го напиша "Војна и Мир"?
- Не знам учителке, не сум јас.
- Оваа лута му пишува единица, оди кај директорот да му се пожали.
- Замислете оној...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков,...
1963.- Катастрофален земјотрес го разурна...
1996.- Република Македонија стана потписничка на...
1996.- Република Македонија и Европската унија...