Во Будимпешта средба на претседателите на македонскиот и унгарскиот парламент Вељановски и Сали

Будимпешта, 28 ноември (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, кој ја предводи делегацијата составена од пратениците Фљора Кадриу и Илија Димовски, денеска во Будимпешта оствари средба со својот домаќин претседателот на Унгарскиот парламент Каталин Сали.

Претседателите на праламентите Вељаноски и Сали на средбата која помина во срдечна атмосфера, заклучија дека меѓу Унгарија и Македонија нема отворени прашања.

Како резултат на добра соработка меѓу двата парламета денеска е потпишан договор за соработка помеѓу Националното собрание на Република Унгарија и Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието  Вељаноски по потпишувањето истакна дека ова е уште еден доказ за високо развиените односи меѓу двата законодавни дома и предложи конкретни теми за соработка што беа прифатени.

Претседателот на Собранието Вељаноски изразувајќи благодарност за досегашната поддршка што Унгарија ја дава на Македонија во нејзините евроатлански интеграциии, истакна дека во 2009 година очекуваме Европската комисија да го укине визниот режим за македонските граѓани. Тој потсети дека и во извештајот на ЕК јасно е запишано дека Македонија ги исполнила условите за укинување на визната бариера. Со тоа, посочил Вељаноски, не само што ќе се овозможи слободен проток на стоки, капитал и луѓе, а тоа е и европска вредност, туку ќе се испрати признание за она што сме го направиле и јасен сигнал и до граѓаните на Македонија, но и до политичките структури да продолжат со реформите. 

Претседателот на Унгарскиот парламент Каталин Сали потсетувајки дека Унгарија ја признава Македонија под нејзиното уставно име, изрази надеж дека идната година ќе биде укинат визниот режим за македонските граѓани, бидејќи тоа го заслужуваме.

Унгарија е посебно заинтересирана за целосно вклучување на Македонија и целиот регион во ЕУ. За таа цел, според Сали, Унгарија е подготвена да помогнеме за што побрзо да ги оствариме нашите евроатлантски определби. Во таа насока, за во септември идната година, во организација на Унгарскиот парламент, најавено е оддржување конференција на претседатели на парламентите од Регионот и Југоисточна Европа. Сали, како домаќин, го покани претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да биде еден од уводничарите на оваа конференција.

- Република Македонија ги исполни сите обрски и стандарди да добие покана за полноправна членка на НАТО на самитот во Букурешт и Унгарија изразува жалење што тоа не се случи, одговори претседателката на Националното собрание на Унгарија Каталин Сили на прес - конференцијата на прашање на унгарски новинар дали Македонија заслужува да биде членка на НАТО.

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска беше примен и од претседателот на Република Унгарија Ласло Шолјом. На средбата уште еднаш се потврдени добрите билатерални односи, како и поддршката на Унгарија во остварувањето на нашите евроатлански определби. Претседателот Вељаноски и членовите на делегацијата имаа средба и со министерот канцелар во унгарската Влада Петер Кис, на која се разговараше пред се за економската соработка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...