Претседателскиот кандидат на ПОДЕМ, Благоја Марковски почнува со собирање 10 илјади потписи

Скопје, 21 јануари (МИА) - Благоја Марковски е претседателскиот кандидат на Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ), информира денеска лидерот на партијата Живко Јанкуловски.

Тој на денешната прес - конференција подвлече дека веќе се доставени неопходните документи до Државната изборна кмоисија и од денеска почнува законската процедура за собирање 10 илјади потписи за поддршка на кандидатурата. Според него, Марковски ја има поддршката од ПОДЕМ затоа што, како што рече, има беспрекорна професионална биографија, без ниту една дамка или афера во целата кариера. Меѓу другото, нагласи Јанкуловски, тој од Хашкиот трибунал за воени злосторства е прифатен како воено - политички експерт и е поканет да изврши експертиза на кризата од 2001 година во Република Македонија. Лидерот на ПОДЕМ посочи дека досега за Марковски е добиена поддршката од неколку помали политички субјекти, но отворени се можностите за разговор со секоја политичка партија која има слични програмски цели.

Марковски нагласи дека една од причините заради кои ја прифатил кандидатурата е оти се чувствува психофизички, но и од стручен аспект во кондиција да придонесе за развојот на демократијата, но и за исполнување на претседателските ингеренции за остварување на стратегиските цели на Република Македонија.

- Целиот живот го посветив на изградба на Република Макеоднија и професионално и во рамките на други интелектуални активности. Република Македонија се наоѓа во исклучително чувствителен период во однос на степенот на развојот на демократијата, изјави Марковски. Тој очекува дека и политичките партии и граѓаните, особено надлежните органи за спроведувањето на изборите, ќе покажат дека можеме да имаме фер и демократски избори.

Според калкулациите на ПОДЕМ, на претстојните локални избори очекуваат да освојат до седум градоначалнички и околу 50 советнички места. Тврдат дека градоначалничките места ќе ги добијат во општините Кисела Вода, каде кандидат ќе биде Биљана Цаврас, Карбинци со Благојчо Јованов, Другово со Целе Марковски и во Росаман со кандидатот за градоначалник Ристе Јошев. Во партијата очекуваат дека ќе ги освојат и претседатлските места во советите на општините во Битола, Скопје и Аеродром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...