Камен-темелник за спомен-куќата на Тоше

Во чест на утрешниот роденден на Тоше и со одлука на Владата, денеска во родниот град на македонската музичка легенда беше поставен камен-темелник пред спомен-домот со кој се втемелува бесмртноста на неговиот лик и дело.

Во присуство на голем број гости од цела Македонија, темелите на гумење ги осветија архиепископот г.г. Стефан и епископот Климент во сослужение на свештеници на МПЦ.

Објектот ќе се гради според проектот на Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски во соработка со Илија Божиновски, а градежните работи ќе ги изведува конструктор инженеринг ДД СПЛИТ.

Во спомен-куќата ќе бидат сместени сите лични работи на Тоше од неговиот живот и кариера. Објектот ќе биде на две нивоа со вкупна површина од 1.200 метри квадратни. За изградбата се вложени околу 2,5 милиони евра. Се очекува да биде завршен за една година, а внатрешно целосно да биде уреден за година и пол кога се планира да биде отворен и за посетители.

- Спомен-куќата ќе биде место на неговата вечност, место каде што ќе бидат зачувани хуманоста, високите човечки квалитети, вредности и уметничките постигнувања на Тоше Проески. За многу години од сега токму ова ќе биде местото кое ќе го чува неговиот дух и ќе ни прикажува кој беше Тоше, на која гитара свиреше, кој беше неговиот омилен автомобил, што на себе носеше, во што веруваше и пред што се молеше, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во обраќањето во име на Владата.

Целокупната композиција и опкружувањето на спомен-домот со својата материјализација ќе ја изразува личноста и делата на Тоше. Објектот ќе има форма на крст-симбол за неговата искрена вера во Бога, цврстината и долговечноста, бетонот ќе бидат симбол на неговиот лик и дело, стаклото ќе опоменува на човечковата минливост и ранливост, а водата која ќе биде дел од пејсажот ќе потсетува на чистината и животот со кој зрачеше Тоше.

Министерката Канческа-Милевска во изјава за медиумите информираше дека е доставена иницијатива до Собранието за изградба на меморијален споменик и за уредување на гробното земјиште. Собранието веќе работи на проектна програма и до март се очекува конкурс за идејно решение.

Градоначалничката на Крушево Лефкија Гаџоска зборуваше за болката на крушевчани поради загубата на нивниот најпознат сограѓанин.

- Ако тагата се мери со морето солзи кои потекоа на кобниот 16-ти, нема мерка. Ако болката се мери со реките твои обожаватели кои секојдневно се тука во твојот вечен дом - нема бројка. Загубата се мери со празнината што ја остави по тебе... Преку своите песни ни ја остави својата душа, но ни остави и аманет и разбуди во сите нас луѓе... Беше Тодор-божји дар, сега си божилак. Секогаш ќе бидеш нашата најголема гордост, нашиот млад великан нашиот ангел, додаде Гаџоска.

Одлуката за изградба на спомен-куќата во име на семејството Проески и фондацијата што го носи неговото име ја поздрави Илија Ивановски кој нагласи дека моментот засекогаш останува во сеќавањата.

Роденденот на Тоше за општината Крушево и Фоднацијата Тоше Проески е ден на хуманоста кога во негово име им се помага на пет семејства. Во негова чест одбојкарите на „Синалко“ одиграа ревијален натпревар со „Работнички“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...