Ѓорѓе Иванов и Тодор Петров ги претставија своите програми пред делегатите на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 25 јануари (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски вечерва, на партиската Конвенција за избор на претседателски кандидат, им порача на делегатите внимателно да избираат бидејќи, како што рече, грешка може скапо да ја чини партијата која во изминатите 2,5 години направи сериозен напредок во државата.

Груевски пред 1.257-те делегати на ВМРО-ДПМНЕ од целата земја истакна дека приоритет на партијата и на Владата се фер и демократски избори.

На Македонија, напомена Груевски, за претседател и е потребен квалитетен, стабилен и чесен човек кој успеал со својот труд и кој ќе работи без лаги и интриги.

- Посакувам претседател со кој ќе се конфронтирам, но не со интриги и лаги, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој им порача на своите сопартијци дека негативниот пример на Бранко Црвенковски треба да им биде патоказ како не смеат да се однесуваат. Црвеновски, рече Груевски, го потцени народот и во неговиот мандат не направи ништо за решавање на клучните прашања за државата. 

Појдовна точка во програмата на професорот Ѓорѓе Иванов, еден од двајцата кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, е негување на заедништвото, обединување на силите, помирување, сплотување и интегрирање.

Иванов во своето 20-минутно претставување пред делегатите истакна дека верува во соработка со сите државни институции кои со целиот свој капацитет ќе функционираат во корист на Република Македонија.

- Идентитетот, односно стратегијата на Македонија во спорот со името не смее да се користи во меѓупартиска битка, изјави Иванов и додаде дека доколку тој победи на овие избори ќе му стави крај на тоа неодговорно однесување.

Македонија, според него, има сила не само да го оствари до крај својот мултиетнички концепт, туку и да го афирмира во светот како автентичен модел, како и да им ја покаже на другите историската вистина за македонскиот космополитизам.

- Време е да ја промовираме идејата за мултиетничка сопственост. Тоа е оној ортаклук меѓу успешните во економијата без разлика кој од каде е и што е, изјави Иванов.

Годините што следуваат, рече, ќе бидат исполнети со макотрпна работа во функција на осигурување на политичката и економската преродба на државата.

На Македонија и е потребен претседател кој ќе понуди платформа за реафирмација на универзалните вредности на македонската цивилизација и на македонизмот, кој ќе го врати достоинството на Македонците, кој ќе практикува чесна, одговорна, стручна, професионална и компетентна власт што ќе помогне земјата да се извлече од криза, истакна во своето претставување вториот кандидат, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Во својот говор, меѓу дргуото, Петров рече дека како претседател ќе потпише договори за траен мир и добрососедство со сите соседни држави со цел затворање на „прашањето Македонија“.

Македонија, како што рече, не е експеримент, туку унитарна држава со мултиетничко општество и тоа нема да се промени.

Доколку биде избран за претседател, Петров, напомена, со Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го затвори прашањето за името во согласност со референдумот за самостојна и суверена Македонија, без додавки и придавки.

Петров ќе се залага претседателот да се избира во Собранието со потпретседател кој ќе доаѓа од етничка заедница која не припаѓа на мнозинството.

Двајцата кандидати, Ѓорѓе Иванов и Тодор Петров, не се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментов делегатите на партијата гласаат, а исходот се очекува да биде познат за околу половина час.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
13 цајкани одат на испит на факултет. Седнуваат еден позади друг, како на факултет.Ј . Влегува професорот и им задава една многу тешка задача. Треба да напишат една марка на кола....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на есперантската книга
37.- Роден е римскиот цар Нерон Клавдиј Цезар...
1675.- Умре холандскиот сликар Јан Вермер, кој...
1711.- Во Копенхаген изби епидемија на чума,...