Промоција на скулптурата „Дрво“ утре на плоштад „Македонија“ Скопје, 28 јануари (МИА) - На плоштадот „Македонија“ утре ќе биде откриена скулптурата „Дрво“ на авторот Дамјан Ѓуров, која е дел од проектот на Министерството за култура за разубавување на центарот на Скопје со 35 скулптури од 26 автори.
Скулптурата „Дрво“ е висока шест метри, изработена е од бронза и мермер. Ќе биде лоцирана до скулптурата „Заљубени“ од Димитар Филиповски, една од четирите скулптури што беа промовирани на 18 јануари.
Пред десетина дена беа промовирани и скулптурите „Мачка“ од Томе Аџиевски, „Шмизла“ на Димитар Филиповски и скулптурата „Девојче“ од Грозданка Каникова.
Новата скулптура ќе ја претстави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
|