Самостојна изложба на графичарот Ладислав Цветковски

Скопје, 11 март (МИА) - Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот графичар Ладислав Цветковски, кој на публиката ќе и се претстави со својот последен проект „Пиксказни“, работен во последните две години.

Проектот го сочинуваат пет дела изработени во техниката дигитален печат на платно. Насловени се „Круг“, „Глобализација во сино“, „Чет“, „Заслепено, задушено, замолчено“ и „Далечински управувач“.

 - Со овој проект авторот сака да ја престори првата сала на Музејот на Град Скопје во метафора за скопски двор во кој ја сместил својата збирка „Пиксказни“, соопшти Музејот на Град Скопје.

Цветковски (1965) од 2007 е доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во текот на целото работно искуство интензивно ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми, а во последно време е фокусиран на дигиталната технологија која ја користи како свое основно изразно средство во ликовната уметност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...