Канческа-Милевска: Кокино приоритет во програмата на Министерството за култура за годинава

Скопје, 28 мај (МИА) - Мегалитската опсеравторија Кокино Министерството за култура ја има земено како приоритет во програмата за оваа година. Покрај програмските средства од Министерството издвоени се и околу еден милион денари од Фондот за културно наследство, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, одговарајќи на прашање поставено од пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ на 57. собраниска седница посветена на пратенички прашање. 

- На локолитетот во моментов интензивно се работи на археолошки истражување на повеќе сектори, рече Канческа-Милевска, нагласувајќи дека се очекува до крајот на јуни годинава тие да завршат.

Таа посочи дека со најновите археолошки истражувања на Кокино се откриени слоеви од железниот период, односно од 7 век п.н.е.

- Министерството за култура и Управата за заштита  на културно наследство изработија план за управување  со овој културен предел со кој се утврдени проекти за заштита на Кокино како локалитет од особено културно-историско значење и номинирање на листата на УНЕСКО, рече Канческа-Милевска.

Министерката за култура истакна дека во февруари е доставена пријавата до УНЕСКО за заштита на Кокино како светско  културно наследство.

- Сакам да информирам дека е добиен одговор и оти локалитетот е влезен во првата фаза  од листата за акредитација на УНЕСКО што е од големо значење за локалитетот и за економскиот развој на околните места, рече Канческа-Милевска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански...
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше...
1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски...
1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски...