На Пелинце одбележана 65-годишнината од Првото заседание на АНОМ

Куманово, 2 август (МИА) - Денеска ги славиме двата Илиндена. Оној од 1903 година на Гоце, на Никола Карев, на Ѓорче Петров, на Питу Гули и вториот Илинден од 1944 година на Ченто, на Рацин, на Брашнаров, на Кузман. Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победата.

Ова го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на одбележувањето на 65 години од Првото заседание на АСНОМ на Меморијалниот центар во Пелинце.

Тој доаде дека тоа се два датума кои ги поставија темелите на македонската држава и кој го остварија сонот на многу генерации, кој на 8 септември 1991 година се заокружи со создавањето независна суверена Република Македонија, легитимен и препознатлив меѓународен субјект и членка на Обединетите нации.

- Ова се моменти кога со гордост се сеќаваме на нашите предци на сите оние кои со своите животи се вградија во денешна Република Македонија. Ова се моменти во кои се навраќаме на минатото, но со поглед кон иднината и со чувство за одговорност да не ги изневериме нивните идеали, истакна Вељаноски, додавајќи дека ако во далечната 1903 година илинденците сонуваа за самостојна и независка Македонија денеска ние тоа го живееме.

Според Вељаноски денес предизвиците кои стојат пред нас се различни од оние пред кои стоеле Делчев, Карев, Ѓорче Петров, или Ченто, Кузман, Брашнаров, Мирче Ацев и други. - Нас денес, додаде тој, не ни треба пушка туку ни треба, пред се, посветеност во работата, одговорност, знаење, но да не го заборавиме и единството. Ова е посебно важно кога станува збор за остварувањето на нашите стратешки определби, а тоа се евроатлантските интеграции, потенцира претседателот на Собранието.

Тој потсети дека Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и оти поканата не ја добивме поради апсурдниот спор со нашето уставно име кој го наметна нашиот јужен сосед. - Иако не сме членка на НАТО, Македонија и натаму останува вистински партнер на Алијансата и многу сериозно и одговорно го дава својот активен придонес во повеќе мировни мисии на НАТО и меѓународната заедница, рече Вељаноски и доаде дека Република Македонија чувствувајки одговорност за стабилноста во регионот, но и пошироко, за иднината на своите граѓани, прифати под покровителство на Обединетите нации да преговара за овој апсурден спор за изнаоѓање на соодветно решение.

Тој потенцира дека решението за спорот не може да задира во националниот, културниот или јазичниот идентитет на македонскиот народ и изрази уверување дека околу ова има единство меѓу сите политички субјекти, како и во целокупната македонска јавност независно од етничката или верската припадност на секој поединец. - Ниту оваа Влада и ова парламентарно мнозинство немаат мандат од вас граѓаните на Република Македонија да преговараат за македонскиот национален идентитет. Тоа би било вистинско предавство и на првиот и на вториот Илинден. Тоа би било откажување од идеалите на сите оние кои на Мечкин Камен ги дадоа своите животи. Тоа би било предавство на споменот на сите оние антифашистички борци кои ги положија своите животи во Февруарскиот поход, Дебарца, Сремскиот фронт па се до завршните борби против фашистичкиот окупатор. Тоа би било предавство на Ченто, Брашнаров и на многу други кои заради илинденските определби и вредности подоцна беа осудувани, а многу од нив и трагично ги завршија своите животи. Но на крај тоа би било предавство и на нашите деца и на идните генерации, бидејќи ние немаме друга татковина освен оваа Македонија, бидејќи ние имаме само еден мајчин јазик, а тоа е македонскиот, рече претседателот на Собранието обраќајќи се на одбележувањето на 65-годишнината од Првото заседание на АСНОМ во Пелинце.

Пред присутните ја потенцира и визната либерализација, како и верувањето дека до крајот на годинава ќе добиеме и датум за отпочнување на преговорите со Европската унија.

- Сето ова покажува дека знаеме и можеме да ги воспоставиме европските стандарди и дека со право очекуваме и како политичари, но и како граѓани од страна на Европската комисија нашите резултати правилно да се вреднуваат, рече претседателот на Собранието, истакнуваји дека реформите што се прават не треба да се сфатат како некакво барање на Брисел туку реформи кои обезбедуваат услови за подобар живот, за подобри економски резултати за подобра иднина на нашите деца овде во татковината.

Вељаноски потенцирајќи дека еден од најголемите предизвици со кој во моментов се соочува целиот свет е економската криза, рече дека Република Македонија како субјект присутен во скоро сите светски економски текови, исто така, е зафатена со оваа криза. - И за ова нема криење, туку одговорно јасно треба да се каже што се презема за ублажување од последиците кои ги носи светската економска криза како и мерките за нејзино надминување. Актуелната Влада презема конкретни мерки за ублажување на последиците од кризата, како и за нејзино долгорочно надминување, рече Вељаноски

Истакнувајќи дека во изминатите 18 години на независност Собранието на Република Македонија се етаблира како вистински законодавен дом и храм на демократијата во кој се слеваат, артикулираат и остваруваат интересите на различни политички субјекти, претседателот на Собранието рече дека во овој период се донесени стотици и стотици закони со кои македонскиот законодавен систем се хармонизира со европскиот. - Сето ова го правиме токму во функција на јакнењето на парламентарната демократија, а имајќи предвид дека ние седиме во Собранието со вашите гласови тоа значи и јакнењето на улогата на граѓанинот и артикулација на неговите интереси и проблеми, рече Вељаноски.

- Денеска овде на Пелинце каде што симболично го одбележуваме вториот Илинден, а исто така и во историското Крушево, но и во целата наша татковина, повторно се потсетуваме на нашето минато. Од него верувам секогаш можеме да учиме за да можеме тие идеали, сонувањата на сите илинденци и натаму да ги надградуваме. Ова се моменти кога сите ние, без разлика на нашата етничката или верската припадност, можеме со гордост да истакнеме дека ние сме нивни наследници и дека тоа историско сеќавање збогатено со нови вредности и нови квалитети им го оставаме на нашите деца и на идните генерации. Со тоа на најдостоинствен начин им оддаваме почит на сите оние познати и непознати илинденци кои своите животи ги вградија во денешна Македонија, рече претседателот на Собранието, кој додаде дека нивните битки и нивните победи сега треба да ги продолжиме и да ги зачуваме нивните идеали, но и да ги оствариме нашите определби и сонувања, а тоа е да станеме дел од големото европско семејство на кое и географски, историски и културно му припаѓаме и заедно со другите граѓани на Европа да ја носиме одговорноста за подобра сегашност и поубава иднина, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Од Пелинце тој упати повик до сите граѓани на Македонија заедно како што тоа го правеле нашите татковци, нашите дедовци да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна, но вечна приказна во која демократијата, човековите права и благосостојбата ќе бидат наше секојдневие кое постојано ќе го развиваме и надоградуваме.

- Ако Крушевскиот манифест завршува со повикот за Ура за автономна Македонија, ако во Манифестот на АСНОМ Македонија е дефинирана како суверен субјект на федеративна Југославија дозволете одовде сите да ја поздравиме европска Македонија, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на одбележувањето на 65 години од Првото заседание на АСНОМ на Пелинце.

На Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце свежо цвеќе положија делегацијата на Собранието, Владата, Претседателот на државата, АРМ, дипломатскиот кор, општините, како и на политичките партии и здруженија на граѓани.

Државната делегација, предводена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, претходно го посети манастирот „Прохор Пчињски“, автентичното место каде е одржано Првото заседание на АСНОМ, каде положи цвеќе на поставеното спомен обележје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...