Напредокот на Македонија е охрабрувачки

Скопје, 14 септември (МИА) - Напредокот на Македонија во изминатиот период е охрабрувачки и треба да се продолжи со овие напори, изјави денеска евроамбасадорот Ерван Фуере.

Запрашан за тоа какви забелешки може Македонија да очекува во извештајот за напредокот на земјата, кој официјално ќе биде затворен утре, а објавен на 14 октомври, Фуере рече дека е премногу рано да се шпекулира околу заклучоците на Европската комисија. 

- Она што можам да го кажам е дека напредокот во изминатиот период, особено во последните неколку недели е охрабрувачки. Би му оддал признание на вицепремиерот Васко Наумовски и на Парламентот за напорите во овој процес, како и за трендот на градење политички консензус. Се надеваме дека ова ќе продолжи и по објавувањето на извештајот. Се уште има време за донесување одлуки кои можат позитивно да влијаат на извештајот и ние сме во очекување на финалната фаза, изјави евроамбасадорот.

 Фуере нагласи дека треба да се продолжи со овие напори. - На полето на визна либерализација сите барани реформи беа успешно спроведени од страна на македонската Влада. Тоа покажува дека ако сите институции се посветени на нешто може да се постигне успех на крајот. Ова е позитивна порака за македонските граѓани бидејќи покажува дека Владата посветува повеќе внимание на граѓаните во процесот на интеграција во ЕУ и претставува позитивен знак за иднината, смета евроамбасадорот кој денеска присуствуваше на завршната конференција на твининг проектот: Преглед на националното трудово законодавство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...