Македонија ќе претседава со Постојаниот комитет на СЗО

Скопје, 14 септември (МИА) - Министерот за здравство Бујар Османи од денеска до 17 септември во Копенхаген учествува на 59-тото регионално Собрание на Светската здравствена организација за Европскиот регион, кој го сочинуваат 53 земји членки.

Собранието, соопшти Министерството за здравство, свечено го отвори регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Марк Данзон, а во текот на утрешниот ден се одржуваат избори за нов директор на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, како и номинација на два члена на управниот одбор и избор на други структури во СЗО за Европа

На Собранието ќе се разговара на повеќе актуелни теми, како што се „Здравството во време на глобална економска криза - импликации за СЗО за европскиот регион“, „Како до подобро управување со здравството во СЗО за европскиот регион“, “Иднината на регионалната канцеларија на СЗО за Европа“ и за „Остварениот прогрес кон Милениумските цели“, се вели во соопштението од Министерството.

Посебно значајно, како што се наведува, е што на Регионалното собрание, Република Македонија првпат од приемот во СЗО (во април 1993 година), е избрана за претседавач со Постојаниот Комитет (тело кое ја има функцијата на Управен Одбор) на СЗО за Европскиот регион. Изборот е резултат на еден долгорочен и континуиран процес, на конзистентната надворешна политика во односите со СЗО и напорна работа на голем број официјални претставници на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија.

На годинешното Регионално Собрание на СЗО за Европа, д-р Владимир Лазаревик, како претставник на Република Македонија во Постојаниот комитет на СЗО, е избран и за заменик-извршен претседател со Регионалното Собрание. Функцијата заменик-извршен претседател, д-р Лазаревик ќе ја извршува за времетраењето на целата работа на Регионалното Собрание на СЗО за Евро регионот кое завршува в четврток, стои во соопштението.

Веднаш по завршувањето на Регионалното Собрание во Копенхаген в четврток ќе се одржи и првиот состанок на Постојаниот комитет со кој ќе претседава Македонија.

- Република Македонија ќе ја има можноста да претседава со Постојаниот комитет на СЗО за Европа во еден исклучително важен период за развојот на здравствените систем на сите 53 земји членки на Евро регионот на СЗО, период во кој се актуелни многу закани по здравјето на населението на сите земји членки. Помеѓу останатите работи се очекува нашето претседавање да ги постави во преден план здравствените приоритети на нашиот регион при креирањето на здравствените политика на СЗО за Европа. Дополнително претседавање на Македонија ќе претставува и уникатна можност да промоција на државата и активностите кои ги презема Министерството за здравство, се вели во соопштението од Министерството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...