Синот на Етеми ослободен

Скопје, 15 септември (МИА) - Деветгодишниот син на членот на Нова демократија Фатмир Етеми, кој вчера беше киднапиран во непосредна близина на чајџилницата „Блус“ во Чаир, е ослободен, а против две лица осомничени за киднапирањето е распишана интерна потерница.

Малолетниот А.Е., како што денеска соопшти МВР, е ослободен вчера околу 21 часот и 30 минути на крстосницата на улицата „Босна и Херцеговина“ со булеварот „Словенија“ по што тој се јавил од мобилен телефон. Во присуство на неговите родители е извршен разговор со него и е утврдено дека бил однесен во напуштена куќа на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во Визбегово, во близина на местото каде што под кирија престојувал еден од грабнувачите. Од извршените прегледи и разговорот констатирано е дека детето не е физички малтретирано од страна на грабнувачите.

Главни осомничени за грабнувањето се А.Б.(1990) од с. Тисовица и А.С.(1990) од Скопје, кои при извршениот претрес во нивните домови не се пронајдени, поради што по нив е распишана интерна потрага. Двајцата и се познати на полицијата по поситни кривични дела.

Се уште се истражува и мотивот на грабнувањето, иако според првичните претпоставки станува збор за изнуда на пари со оглед на тоа што таткото на детето добил еден заканувачки повик да подготви пари, а дополнителни насоки, како што било најавено, требало да му бидат дадени денеска.

По целосно документирање на случајот против двајцата осомничени ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синот на Етеми беше киднапиран вчера околу 16 часот и 20 минути од страна на две непознати лица додека возел велосипед со негов врсник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...