Седница на Совет на НБРМ

Скопје, 24 септември (МИА) - Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница го усвои Извештајот за управувањето и ракувањето со девизните резерви во првото полугодие на годината.

Според Извештајот, управувањето со девизните резерви во овој период се одвивало во услови на продлабочување на економската криза, растечка недоверба во стабилноста на меѓународниот финансиски систем и висока несигурност на финансиските пазари. Кај девизните резерви имало тренд на намалување поради постојаните интервенции на Народната банка на девизниот пазар  за спроведување на монетарната политика и политиката на девизниот курс на денарот. Средствата во ликвидносното портфолио во евра се одржувале на потребното ниво преку пренасочување на приливите од достасаните хартии од вредност од инвестициското портфолио, а приходите врз основа на управувањето со девизните резерви изнесувале 15,4 милиони евра.

Најновите движења во македонската економија прикажани во Месечната информација 08/2009 покажуваат дека тие се во согласност со проектираната динамика. Во надворешниот сектор во второто тромесечје забележани се позитивни поместувања за разлика од неповолните тендернции во првиот квартал од годината.

Ова главно се однесува на увозната побарувачка, чиешто надолно прилагодување почна со позасилено темпо, доведувајќи до годишно намалување на трговскиот дефицит во вториот квартал од 27,6 отсто. Поволни движења во овој период се забележани кај приватните трансфери, а овие трендови продолжиле и во текот на јули и август.

Состојбата на бруто девизните резерви заклучно со 31 август изнесува 1,505 милјарди евра и е повисока за 10,1 милион евра во однос на крајот на 2008 година, со што за првпат од почетокот на годината девизните резерви бележат збирен раст.

Намалувањето на увозот соодветствува со негативната динамика на економската активност, која укажува на намалувањето на увозните притисоци преку домашната побарувачка. Обемот на индустриско производство во јули е понизок од јуни, што придонесе за продлабочување на збирниот пад во индустријата, кој во првите седум месеци изнесува 13,3 отсто. Од друга страна, кај останатите сектори од домашната економија (трговијата, градежништвото и телекомуникациите) најновите податоци од јуни укажуваат на одредени месечни подобрувања, но сепак премногу е рано да се прогласи прекин на досегашните неповолни трендови, се наведува во соопштението од НБРМ.

Во него се додава дека ценовните трендови се во согласност со промените во економската активност. Последните податоци за инфлацијата од август укажуваат на продолжување на трендот на  месечно намалување на ценовното ниво, при што збирниот пад на цените од почетокот на годината до август изнесува 0,3 отсто. Во рамки на банкарскиот сектор, првичните податоци од август покажуваат месечно зголемување на депозитниот потенцијал на банките за 2,8 отсто, додека  месечното намалување кај кредитите изнесува 0,2 проценти. На годишна основа, депозитниот потенцијал забележа минимален раст од 0,6 отсто, додека растот на кредитната активност на банките забави на 9,6 проценти.

Советот на денешната седница го усвои и Извештајот за работењето на внатрешната ревизија во првото полугодие на 2009 година. Во овој период извршени се вкупно десет ревизии, од кои девет редовни и една вонредна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...