Позитивен извештај од ЕК и визна либерализација за Македонија

Братислава, 5 октомври (МИА) - Словачка ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, и очекува земјата да добие позитивен извештај од Европската комисија овој месец и визна либерализација од почетокот на 2010, истакна словачкиот премиер Роберт Фицо по денешната средба во Братислава со претседателот на македонската Влада Никола Груевски, јави известувачот на МИА.

За спорот за името со Грција, Фицо оцени дека станува збор за  чувствителен проблем за Македонија, кој треба да се реши што поскоро.

- Многу држави си земаат слобода да го решаваат тоа прашање. И ние имаме такво искуство па ни велат решете го проблемот со Унгарците за четири-пет дена. Сметам дека за некој што го гледа од страна, овој проблем не му се гледа важен. Проблемот меѓу Република Македонија и Република Грција треба да се реши што побрзо, но мора да се види дека тој има длабоки историски корени и затоа треба да се разбере чувствителноста на Македонија, рече Фицо, додавајќи дека треба да се има трпение во неговото разрешување.

Премиерот Груевски истакна дека интерес на Република Македонија е да биде најдено решение за ова прашање.

- Ние даваме се што е во наша моќ за негово решавање. Ќе продолжиме да бараме решение, но сепак тоа решение не смее да биде по секоја цена, туку да биде структурирано така за да биде прифатливо за граѓаните на Македонија, посочи Груевски.

Македонскиот премиер додаде дека го информирал Фицо за напредокот што земјата го постигна во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и оти очекува објективен и позитивен извештај од ЕК што треба да биде објавен на 14 октомври.

Одговарајќи на новинарско прашање, словачкиот премиер подвлече дека Словачка е подготвена да и го пренесе на Македонија искуството во процесот на евроинтеграциите. За таа цел додаде ќе биде спроведена обука од словачки експерти за менаџирање на претпристапните преговори.

Двајцата премиери на заедничката прес-конференција констатираа дека Словачка и Македонија имаат одлични политички односи, а постои простор за интензивирање на економската соработка. Со договорите за ослободување од двојно оданочување и за соработка против криминалот што денеска ги парафираа Груевски и Фицо, се отвораат пошироко вратите за зајакнување на стопанската соработка.

На економски план, премиерот на Словачка потенцира дека постојат можности за соработка во сферата на инфраструктурата и на енергетиката за што конкретно ќе стане збор и на денешниот Словачко-македонскиот бизнис форум. Како една од можностите за забрзување на економската соработка се заложи и за што поскоро отворање на македонски конзулат во Словачка.

Груевски, кој ја предводи македонската владина делегација во чиј состав се и вицепремиерот Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Братислава, покрај со Фицо, ќе се сретне и со Мирослав Чиж, заменик-претседател на Парламентот на Словачка.

Во Братислава е македонска стопанска делегација, која ќе учествува на Словачко-македонскиот бизнис форум, на која треба да се обрати премиерот Груевски. Целта е да воспостават директни контакти меѓу македонски и словачки компании со можност за воспоставување потенцијална соработка деловна соработка. Пред почетокот на форумот директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо и Јурај Киесел од Словачката агенција за развој и инвестиции ќе потпишат Меморандум за соработка за размена на искуства за привлекување странски инвестиции.

Посетата на Словачка премиерот Никола Груевски ќе ја заокружи со посета на Технолошкиот парк и разгледување на историскиот дел од Братислава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...