Ристовски не размислува за оставка

Скопје, 7 октомври (МИА) - Главниот редактор на „Македонската енциклопедија“, академик Блаже Ристовски, изјави дека не мисли да поднесува оставка тој, ниту Главната редакција, зашто не чувствува вина. Во изјава за медиумите рече дека нема притисоци од колегите академици да се повлече, а бурните реакции по објавувањето на двотомната публикација ги смета за организирана хајка. 

- Никој мене не ми рекол дека треба да дадам оставка. Тоа мислам дека е коректно од нивна страна, затоа што оставка не ни мислам да давам, ниту некогаш сум мислел. Јас ја правев таа Енциклопедија за овој народ, со скоро 300 соработници. Каков би бил јас да им свртам грб на сите тие луѓе. Тоа е чест, тоа е совест, тоа е свест. Не мислам да давам никаква оставка зашто не чувствувам никаква вина. Тоа е мое прво и конечно решение, рече Ристовски.

Според него, оградувањето на некои академици од Енциклопедијата е затоа што тие не се ни запознале со нејзината содржина и дека се даваат заклучоци без да биде прочитана.

- Се направија толку демонстрации, а луѓето не ја погледнале и разговараат мениторно. Кажуваат дека нема ова или она, а сето тоа го има. Сето тоа е организирано од еден потесен круг кој во вчерашниот „Дневник“ си го кажа и името и презимето. Од еден господин кој е на сите екрани на македонските телевизии и дели мериторно и судови и судии. Неговите зборови се премногу жестоки, понекогаш достојни за суд, но мене достоинството не ми дозволува да се спуштам на такво ниво, рече Ристовски.

Тој признава дека првата енциклопедија има слабости, посочувајќи дека тоа постои во сите лексикографски изданија во светот, но нема да ја распушти  редакцијата. Смета дека бргу треба да завршат дополнувањата и исправките на одделни одредници за потоа Енциклопедијата да стигне до читателите.

- Не мислам да ја распуштам редакцијата. Ние треба да ја пуштиме таа Енциклопедија. Тоа се 1.800 примероци печатени што чекаат свои читатели, кои се околу Академијата и молат за примерок. Не само што не мислам да ја распуштам, туку сакам и да извршиме некои неопходни допрецизирања или поправки и да ја пуштиме во нормална циркулација. Каква е таа хајка сега да се забрани првата Енциклопедија. Слабости има секоја енциклопедија во светот. Оваа е кратка енциклопедија, тука не можеа сите да бидат вклучени, но како прва, мислам дека е достојна за овој народ и за науката во Македонија, а уште подостојна за институцијата што ја издаде. Навистина не чувствувам потреба да правам какви и да е промени. Зад мене стои целата редакција и во проширениот состав и затоа сите други прашања се излишни, истакна  академик Блаже Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на книга на академик Гане Тодоровски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...