Во Истанбул можна средба Милошоски - Папандреу

Истанбул/Атина, 9 октомври (МИА) - Новиот грчки премиер и министер за надворешни работи Јоргос Папандреу денеска на маргините од состанокот на Процесот за соработка во ЈИЕ во Истанбул, првпат ќе има тет-а-тет средби со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, најавуваат денеска медиумите во Грција.

Известувачот на МИА од Истанбул, јави дека од македонската страна има расположение за средба, но засега нема официјална потврда и од грчка страна за евентуални тет-а-тет разговори Милошоски - Папандреу.

Македонскиот министер за надворешни работи по изборот на новата грчка Влада изјави дека македонските државни претставници се отворени за соработка и за директни контакти со грчките власти.

- Ќе ни биде задоволство ако можеме на билатерално или на мултилатерално ниво да имаме средби со нашите грчки колеги и да разговараме за прашања од заеднички интерес, и ако новата грчка Влада оцени дека е целисходно да има почести контакти и поблизок однос на билатерален план, рече Милошоски.

Подготвеност за поблиска билатерална соработка со новата грчка Влада искажа и премиерот Никола Груевски во честитката до Папандреу по повод неговото именување за премиер на Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...