Милошоски: Се надеваме дека извештајот на ЕК ќе биде во тонот на нашите постигнувања

Истанбул, 10 октомври (МИА) – Во деновите што доаѓаат Република Македонија го очекува извештајот за напредокот на ЕК, којшто се надеваме ќе биде во тонот на нашите постигнувања и оти ќе резултира со одлука на Советот на ЕУ за почеток на преговори за членство, истакна министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во обраќањето на неформалниот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Шефот на дипломатијата притоа додаде дека се надева дека нашите соседи-членки на ЕУ, Грција и Бугарија, ќе го препознаат својот интерес и оти ќе настојуваат да добиеме позитивна одлука од Советот, потврдувајќи ја на тој начин декларативната поддршка.

- Ја поздравуваме новата клима за преговори на Хрватска и овој пример покажува колкав може да биде придонесот на дијалогот. Искрено се надеваме дека Турција ќе направи исто така пресврт во преговорите со ЕУ, рече Милошоски и додаде оти Македонија е подготвена да го пренесе своето искуство во делот на евроинтеграциските процеси на Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија, како и во однос на визната либерализација.

По состанокот, што заврши синоќа, шефот на дипломатијата имаше неформални средби со неговите колеги од Албанија и од Србија, Илир Мета и Вук Јеремиќ.

Милошоски го откажа своето учество на 12. Конференција на Балканскиот политички клуб, што се одржува денеска во Истанбул и ќе се врати во Скопје каде ќе присуствува на отворената седница на Владата.

На Конференцијата на Балканскиот политички клуб присуствуваат македонскиот амбасадор во Белград, Љубиша Георгиевски и поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...