Вонредна седница на МАНУ

Скопје, 13 октомври (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите денеска на вонредна седница на Собранието ќе го разгледува заклучокот на Претседателството на Академијата, кое минатата недела предложи повлекување на „Македонската енциклопедија“ и смена на главната редакција и на главниот редактор - академик Блаже Ристовски.

 Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на седницата во средата  донесе одлука дека треба да се избере нова главна редакција на „Македонската енциклопедија“.

- Новата редакција  треба да се формира во процедура предвидена со Статутот и другите правни акти на Академијата најдоцна во рок од еден месец, по што во најкус можен рок треба да се формираат и нови редакциски тимови. Членовите на новата главна редакција треба ги заменат со нови текстовите на одредниците кои се неприфатливи од научен и поширок општествен аспект. Во пишувањето на новите текстови треба да бидат вклучени компетентни автори, стручни за предметот на секоја од одредниците, вклучително и истакнати научни работници од немнозинските етнички заедници на Република Македонија, беше наведено во заклучоците од состанокот на Претседателството на МАНУ.

Академик Блаже Ристовски во изјава за медиумите истот ден изјави дека нема да поднесе оставка зашто не  се чувствува виновен.

- Не мислам да давам никаква оставка зашто не чувствувам никаква вина. Тоа е мое прво и конечно решение. Јас ја правев таа Енциклопедија за овој народ, со скоро 300 соработници. Каков би бил јас да им свртам грб на сите тие луѓе. Тоа е чест, тоа е совест, тоа е свест, рече Ристовски.

Тој денеска ќе присуствува на вонредната седница на Собранието, на кое ќе учествуваат 48 академици од редовниот состав на Академијата.

Првата национална енциклопедија свечено беше промовирана пред еден месец и предизвика реакции, пред се, од партиите на албанскиот политички блок во Македонија кои оспорија повеќе одредници во публикацијата и бараа корекција и запирање на нејзината дистрибуција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...