Ениклопедијата нема да биде целосно повлечена

Скопје, 13 октомври (МИА) - Енциклопедијата нема да биде целосно повлечена туку ќе се вршат само исправки во одредниците кои изминатиот месец ја разбрануваа јавноста.

Тоа е ставот од денешната седница на Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, која е прекината по три и пол часовна дебата.

Академик Ѓеорги Старделов по седницата изјави дека расправата била конструктивна и сериозна и ќе овозможи да се најде патот до решението, што како што вели ќе биде автономно.

- Јавноста е премногу исполитизирана во однос на оценките што се дадени за нашата енциклопедија. Ние се обидуваме да создадеме свој однос кон неа и тоа го правиме автономно без каков било притисок на која било политичка гарнитура или политичко влијание, рече Старделов.

На продолжението на седницата што ќе се одржи во текот на идната недела ќе се расправа за финалните заклучоци на Претседателството на Академијата и ќе се одлучува дали редакцискиот одбор ќе се менува или ќе се дополни со нови членови.

Првата национална енциклопедија свечено беше промовирана пред еден месец и предизвика реакции, пред се, од партиите на албанскиот политички блок во Македонија кои оспорија повеќе одредници во публикацијата и побараа корекција и запирање на нејзината дистрибуција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...