Историски ден за Македонија

Скопје, 14 октомври (МИА) - Ова е историски ден за Република Македонија и за нејзините граѓани, оцени премиерот Никола Груевски по објавувањето на позитивниот извештај на ЕК за напредокот на земјата во 2009 и препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Тоа е резултат на досегашните напори на Владата, на граѓаните, на сите политички чинители, здруженија во Македонија и на нашите ценети пријатели од меѓународната заедница. Го поздравуваме мислењето на Европската комисија и сите негови обиди во поддршката кон нас за процесот на реформите, истакна Груевски во изјавата што ја даде откако евроамабсадорот Ерван Фуере кој му го предаде Извештајот.

- Овој Извештај за нас ќе биде патоказ за идните чекори и реформи кои ќе ги преземеме. Исто така ние ја знаеме и важноста на предизвикот да се промовираат добрососедските односи и регионалната соработка. Во контекст на спорот со името Македонија активно и конструктивно ќе ги продолжиме со разговорите под покровителство на Обединетите нации со цел да се најде заеднички прифатливо решение, рече премиерот.

Извештајот на Комисијата од 2009 година за Република Македонија, како што рече Груевски, за последната година го поздравува зајакнувањето, функционирањето на демократијата и стабилноста на институциите што се однесува до владеењето на правото. Владата, продолжи тој, го поздравува мислењето на Комисијата за пресретнувањето на Копенхашките критериуми за партнерство и клучните приорите за пристапување во однос на отпочнувањето на преговори за пристапување.

- Владата ја задржува својата посветеност за продолжување на реформите веднаш по завршувањето на овој чекор. Ќе продолжиме со соработката со сите политички партии за промоција на потребните реформи со процесот на консензус, истакна Груевски.

Владата, како што додаде, го поздравува мислењето на ЕК за прогресот во врска со оданочувањето, царината, правдата, слободата, безбедноста и транспортот со преоѓањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и за исполнувањето на критериумите за визна либерализација, каде Македонија доби највисоки оценки од ЕК и од експертите од регионот.

- Извештајот на Европската комисија признава дека македонската Влада презема активни чекори да се справи со економската криза и одржува стабилен развој на банкарскиот сектор, стабилна фискална политика и да се справи со структуралната невработеност, рече Груевски.

Во претстојниот период Владата на Република Македонија, најави премиерот, ќе продолжи да одржува чекор во усогласувањето на националното со законодставството на ЕК, зајакнување на институционалните структури во координација и управување на процесот на пристапување и натамошно зајакнување на административните капацитети за имплементација и зајакнување на законодавството особено во областите на јавната администрација, животната средина, социјалната политика и сите оние каде што тоа е потребно.

Фуере упати честитки за добиениот позитивен извештај и препораката за преговори. Тоа, како што посочи, е силно признание за волјата и капацитетот на Владата да постигне успех, и поттик да се фокусира на преостанатите реформи и приоритети.

- Оваа препорака дадена од страна на ЕК претставува силно признание за политичката волја и за капацитетот кои што ги има оваа Влада да постигне успех. Како што кажа исто така и комесарот Оли Рен ова претставува и силен поттик за Владата и за сите институции да продолжат со реформските процеси и да се фокусираат на оние области каде што беа детектирани одредени слабости, рече Фуере.

Заслугата ја делат сите граѓани, политички фактори и граѓанското општество. Се покажа дека со заедничка работа може да се постигне успех, додаде евроамбасадорот.

- Исто така, заслугата за овој успех оди и до претставниците на граѓанското општество коишто успеаја да допрат до самите граѓани и да покажат кои се оние областите на коишто Владата треба да се фокусира и да работи, но и да ја оправдаат во нејзините активности. Оттука веруваме и во соработката со граѓанското општество. И конечно, заслугата оди кај народот, тој заслужува признание за заложбата да чекори кон својата цел, рече Фуере.

Во периодот кога евроамбасадорот пристигна во Владата, повеќе граѓани свирејќи со сирените на своите автомобили и со знамиња на Македонија и на ЕУ го славеа позитивниот сигнал од Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...