Името не е услов за евроинтеграција, но би го забрзало процесот

Скопје, 15 октомври (МИА) - Решавањето на проблемот со името не е услов за пристапување на Македонија во Европската унија, но би создало многу попозитивна средина за продолжување на процесот на евроинтеграција на земјата, оценија денеска шведскиот амбасадор Ларс Фреден и евроамбасадорот Ерван Фуере.

- Ова е златна шанса да се направи поголем напор со цел да се разреши проблемот со името. Сега изгледа дека сликата е многу појасна. Единствените разговори кои што сега остануваат се оние во однос на прашањето за името, а не за одредниците, рече Фреден на презентацијата на Извештајот на ЕК пред ресорните собраниски комисии.

Фуере, пак, ја повтори вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување Оли Рен од Брисел дека препораката треба да биде силен поттик и охрабрување конечно да се затвори прашањето за името и да се најде заеднички прифатливо решение во рамките на разговорите што се водат со посредство на ОН.

Амбасадорот Фреден, поздравувајќи го позитивниот извештај и препораката за почеток на преговорите од името шведското претседателство со ЕУ, посочи дека конечната одлука за старт на преговорите ја носи Советот на ЕУ со консензус. Осврнувајќи се на формалните чекори кои следат по препораката за почеток на преговорите, информира дека од денеска веќе заседава Комитетот за Западен Балкан при Советот на ЕУ за Извештајот за Македонија, кој треба да му помогне на Советот на 7 и 8 декември да се изјасни за датумот за преговори.

Во однос на визната либерализација, Фреден соопшти дека добро се одвиваат работите и во Европскиот парламент и во различните форуми на Советот на ЕУ и се надева оти на 1 декември ќе биде потврдена одлуката за укинување на шенгенската бариера за македонските граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...