Заврши снимањето на турските ТВ серии „Збогум Румелија“ и „Балканска свадба“

Скопје, 25 октомври (МИА) - Заврши снимањето на „Збогум Румелија“, ТВ серија во продукција на Сектор Филм од Македонија и Адам Филм од Турција, која две и пол години беше дел од секојдневието на 30 милиони гледачи како во Турција така и надвор од нејзините граници. 

„Збогум Румелија“ ја следи судбината на неколку семејства во периодот кога Отоманската империја ја губи својата надмоќ на Балканот и се повлекува од него, со што и тие се принудени да ги напуштат своите домови. Tокму гледаноста на оваа серија која го создаде параметарот за креирање успешна телевизиска серија, според двете копродукциски куќи, била причина да започне реализацијата и на втората серија „Балканска Свадба“, исто така наменета за турскиот пазар, а која зборува за проблемите на времето во кое живееме.

Според Мухарем Гулмез, извршен продуцент во Адам Филм – Истанбул, завршувањето на двете серии е само успешен старт на една соработка со македонските колеги. За Владимир Анастасов, продуцент од Сектор Филм – Скопје, формулата за успехот е ефикасната тимска работа и професионалноста на екипите.  

За период од две и пол години во снимањето на двеет серии беа ангажирани над стотина актери и над 250 членови на техничка екипа од Македонија и Турција. Снимени се 83 епизоди од серијата „Збогум Румелија“ и шест од „Балканска свадба“. Освен во Битола и нејзината околина, се снимаше и во Охрид, Ресен и Скопје. Буџетот за овие проекти изнесуваше околу осум милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...