Разговорите за името продолжуваат од 16 ноември

Њујорк, 5 ноември (МИА) - Медијаторот Метју Нимиц најави продолжување на разговорите за решавање на разликите меѓу Атина и Скопје околу уставното име на Република Македонија. Прес-службата на ОН соопшти дека Нимиц е во контакт со двете страни и оти им предложил средба во Њујорк за деновите од неделата што почнува од 16-ти ноември.

Ваквиот чекор на Нимиц следува по вчерашната изјава на генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-Мун во Атина дека медијаторот е подготвен да ги продолжи разговорите за решавање на спорот за името штом двете страни искажат подготвеност за тоа.

Првиот човек на ОН изрази надеж дека двете страни со помош на Нимиц ќе дојдат до конечно решение за спорот.

Разговорите за името привремено беа замрзнати поради изборите во Грција. Нимиц по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во септември во Њујорк најави дека повторно ќе го активира дијалогот штом заврши изборната кампања во Грција и оти изнел „доволно идеи на маса за двете страни да почнат да размислуваат креативно за изнаоѓање решение“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...