Словенија ги укинува визите од 19 декември

Скопје, 5 ноември (МИА) - Македонското Министерство за надворешни работи го поздравува предлогот на Словенија за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19 декември годинава.
Словенечкиот предлог, како што велат во МНР, оди во прилог на заложбите за побрзо симнување на шенгенската визна бариера за државите во регионот.  
Словенија на вчерашниот состанок на групата на Европскиот совет задолжена за визната либерализација предложи шенгенскиот визен режим за Македонија, Србија и Црна Гора да биде укинат од 19 декември оваа година, наместо на 1 јануари 2010 година како што предлага Европската комисија.
- На овој начин граѓаните од тие земји ќе бидат во можност  без виза да патуваат во шенгенските земји веќе пред Божиќ и Нова година, се наведува во соопштението кое денеска го објави Министерството за надворешни работи на Словенија.
Предлогот во најкус временски рок ќе го разгледа Европскиот парламент, а одлуката за тоа Европскиот совет би требало да ја усвои во средината на ноември, пренесува агенцијата СТА.
Министерството потсетува дека Србија и Црна Гора мораат да почекаат друг ивештај од групата задолжена за либерализација, но оценува дека „не треба да се очекуваат никакви проблеми“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...