МАНУ ја разреши редакцијата на Македонската енциклопедија

Скопје, 5  ноември (МИА) - Вонредното Собрание на МАНУ вечерва по речиси четиричасовно заседавање одлучи во целост да ја повлече од употреба првата Македонска енциклопедија. Разрешена е редакцијата која ја изработи и ќе се формира нов главен тим, кој ќе изработи нова верзија на Македонската енциклопедија.

Речиси целосно се уважени заклучоците што Претседателството ги предложи пред три недели.

- МАНУ се оградува од определени одредници и лични ставови на автори на тие одредници, во позната веќе презентирана листа на спорни одредници и од други одредници кои се однесуваат на историскиот развој на државата, на општествените прилики во земјата, на претставувањето на одредени политички институции и слично, рече академик Владо Камбовски.

Новата редакција треба да биде формирана во рок од еден месец во процедура што ја предвидува статутот и интерните акти на Академијата. Во нејзиниот состав ќе бидат вклучени водечки научници од сите подрачја на науката и од редот на немнозинските  заедници, ќе формира компетентни редакциски тимови кои опсежно ќе ги разгледаат пристигнатите забелешки на одредниците кои од првиот момент се појавија како спорни.

Според Камбовски, материјалот од првата енциклопедија нема да се уништи туку ќе остане на располагање на новата главна редакција, која ќе одлучи што од тоа може да искористи.

Академик Блаже Ристовски  главниот редактор на првата национална енциклопедија, смета дека со ваквата одлука политиката навлегла во МАНУ.

- Новата редакција не може да располага со тој материјал. Тоа нема да биде второ издание такво како што тие го замислуваат, туку сосема ново. Се ќе зависи и под кое име тие ќе одат. Може да биде второ издание само ако биде македонска енциклопедија, ама некои несакаат да биде македонска енциклопедија во македонска држава, издание на Македонската академија на науките. А јас, би сакал да има второ издание. Новата редакција нека си направи ново издание и тоа е чиста работа, вели Ристовски.

Тој се прашува од кај ќе се најдат средства, но и кои се тие личности што ќе се нафат да пишуваат нова енциклопедија, со оглед дека, како што рече, во изработката на првата биле ангажирани близу 300 лица, или целата наука во државата.  

- Работите се уште се нејасни и веројатно допрва ќе се комплицираат, особено сега кога ќе дојде до формирањето на новата редакција, ако формираат нова редакција, оценува Ристовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...