Македонија и Грција со дијалог можат да го решат името

Скопје, 10 ноември (МИА) - Решение за спорот за името е можно со вистински преговори меѓу Македонија и Грција, оцени денеска амбасадорот на САД Филип Рикер.

- Нашата позиција по ова прашање е иста. Ние го поддржуваме членство на Македонија во НАТО и ЕУ и ги поддржуваме напорите за изнаоѓање решение за спорот за името што ќе ни овозможи да одиме напред и да обезбедиме подобра иднина за сите. Решението е можно. Им честитав на премиерите Груевски и Папандреу за нивната средба во Брисел. Дијалогот и комуникацијата од тој вид е секогаш корисна. Секако тука е и процесот во ОН и медијаторот Метју Нимиц како олеснувач кој двете земји може да го искористат за да има вистински преговори. Двете земји можат да работат на тоа и се надеваме дека тие тоа ќе го сторат, рече амбасадорот Рикер по работната средба на Американската комора во Македонија на која присуствуваше и шефот на македонската држава Ѓорге Иванов. 

Американскиот амбасадор повтори дека решавањето на спорот за името е работа на Македонија и на Грција, оти САД се подготвени да помогнат во таа насока, но тоа треба да ја завршат двете земји. - Тие ги имаат потребните ресурси. Убедени сме дека  може да се најде решение, рече Рикер.

Запрашан дали е можно на Македонија во Брисел на 7 декември да и се повтори сценариото од Букурешт, американскиот амбасадор рече дека не е ниту оптимист ниту песимист. - Јас само укажувам на реалноста. На вас е да ја завршите работата, додаде Филип Рикер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...